Луѓе останале без кислород во затворена стаклена купола- експериментот стана кошмар (ВИДЕО) - Канал 5

Луѓе останале без кислород во затворена стаклена купола- експериментот стана кошмар (ВИДЕО)

Биосфера 2, еден од најамбициозните научни експерименти на 20 век, беше отворен во 1991 година во јужна Аризона, околу педесет минути возење северно од Тусон.

Луѓе останале без кислород во затворена стаклена купола- експериментот стана кошмар (ВИДЕО)

Тоа е огромна стаклена структура со површина од околу 1,27 хектари, дизајнирана како целосно затворен еколошки систем во кој луѓето би можеле да живеат без надворешна помош. Проектот е создаден со цел да се проучат екосистемите на Земјата и можностите за иден живот во вселенските колонии.

Вештачка реплика

Името на проектот не е случајно. Земјата се смета за прва биосфера, додека комплексот во Аризона требаше да биде нејзина вештачка реплика. Во стаклената купола беа изградени неколку различни единици кои имитираа природни биоми, вклучувајќи тропска дождовна шума, океан со корален гребен, мангрови, савана и пустина.

Покрај тоа, имаше живеалишта, лаборатории и земјоделски области каде што жителите мораа сами да одгледуваат храна.

Најпознатиот дел од проектот започна на 26 септември 1991 година, кога осум научници и истражувачи влегоа во целосно затворен систем.

Целта беше да се тестира можноста за самоодржлив еколошки систем во кој учесниците би живееле без надворешна храна и ресурси за време на планираниот период на изолација, потпирајќи се на претходно изградена инфраструктура и почетни резерви.

Избегнаа сериозни проблеми

Иако земјоделскиот дел произведуваше импресивни количини храна, учесниците се соочија со хроничен глад за време на дел од мисијата. Тие одгледуваа банани, папаја, ориз, пченица, кикирики и други култури, но внесот на калории беше значително помал од очекуваното, објавува Dnevno.hr.

И покрај ова, здравствените индикатори на членовите на екипажот генерално останаа добри во текот на нивниот престој.

Најголемиот проблем се појави кога нивото на кислород почна неочекувано да опаѓа. По 16 месеци, концентрацијата на кислород се намали од приближно 20,9 на 14,2%, ниво споредливо со тоа што се наоѓа на голема надморска височина.

Некои од учесниците развија симптоми слични на висинска болест, и на крајот мораше да се додаде надворешен кислород во нивните системи за да се избегнат посериозни здравствени проблеми.

Во еден момент, групата учесници во експериментот се подели на две фракции. Луѓето кои беа блиски пријатели станаа непријателски настроени и едвај зборуваа.

Во исто време, се појавија и други тешкотии. Одредени растителни видови почнаа неконтролирано да доминираат над други, бројот на мравки и лебарки нагло се зголеми, а поради помалку сончева светлина отколку што очекуваа дизајнерите, некои делови од екосистемот не функционираа како што беше планирано.

YouTube video

Промена на сопственост и намена

Вториот експеримент започна во март 1994 година, по бројни технички подобрувања. Новиот екипаж успеа да постигне самоодржливост во производството на храна, но проектот се соочи со финансиски и организациски проблеми што доведоа до предвремено прекинување на мисијата во септември истата година.

По завршувањето на првичните експерименти, Биосфера 2 претрпе неколку промени на сопственост и намена. Комплексот беше управуван некое време од Универзитетот Колумбија, а од 2007 година, истражувањата ги водеше Универзитетот во Аризона, кој стана негов целосен сопственик во 2011 година.

Ова го спаси објектот од можно рушење и претворање во станбен и комерцијален комплекс.

Денес, Биосфера 2 повеќе не е затворен свет во кој луѓето живеат изолирано од остатокот од планетата, туку останува единствена научна лабораторија.

Таа ги проучува климатските промени, водниот циклус, однесувањето на екосистемот и отпорноста на коралните гребени. Во последните децении, комплексот во Аризона редовно го посетуваат посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер