Ловците на вонземјани скенирале гостин од далечната вселена- објавени се шокантни резултати (ФОТО) - Канал 5

Ловците на вонземјани скенирале гостин од далечната вселена- објавени се шокантни резултати (ФОТО)

Група научници задолжени за потрага по вонземски живот, поради што се нарекуваат и ловци на вонземјани, конечно испитаа гостин од длабоката вселена - меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS - и утврдија дали содржи траги од вонземска технологија.

Ловците на вонземјани скенирале гостин од далечната вселена- објавени се шокантни резултати (ФОТО)

Објектот 3I/ATLAS е само третиот меѓуѕвезден посетител идентификуван досега, по 1I/Oumuamua и 2I/Borisov. Беше забележан на 1 јули 2025 година, а на крајот од тој месец, физичарот од Харвард, Ави Лоеб, познат по своите контроверзни теории за посетителите од вселената, објави тврдења дека е можно ова да не е меѓуѕвездена комета, туку вонземско вселенско летало кое ќе изврши посебен маневар пред крајот на годината. Научната заедница реагираше на неговите теории со јасна критика.

Институтот SETI (Потрага по вонземска интелигенција) соопшти дека обемните радио скенирања со неговиот телескоп во Северна Калифорнија не пронајдоа докази за вонземска технологија на кометата, објави АП.

Неколку вселенски летала на НАСА и други вселенски агенции ја набљудуваа „небесната ледена топка“ додека минуваше покрај Марс минатиот октомври, приближувајќи се на 30 милиони километри од Црвената планета. Таа беше најблиску до Земјата во декември, кога беше оддалечена 269 милиони километри.

Тимот научници го набљудуваа 3I/ATLAS повеќе од седум часа со телескопот ATA, покривајќи помеѓу 1 и 9 гигахерци, соопшти Институтот SETI. Овој опсег им овозможи на научниците да бараат радио сигнали што не се јавуваат природно и што би можеле да бидат доказ за технологија.

SETI идентификуваше речиси 74 милиони теснопојасни радио сигнали. Откако ги земаше предвид човечките фактори или сигналите што одговараат на движењето на објектот, останаа нешто повеќе од 200 сигнали, за кои беше утврдено дека сите „потекнуваат од технологијата на површината на Земјата или од нашите сопствени сателити во орбитата на Земјата“, соопшти SETI.

Резултатите од студијата беа објавени во Астрономскиот журнал.

„Нашето вселенско летало „Војаџер“ еден ден ќе биде вонземски артефакт во друг ѕвезден систем. Имајќи го тоа предвид, важно е да се разбере природната дистрибуција на меѓуѕвездените објекти за да можеме да ги разбереме аномалиите што еден ден би можеле да бидат знаци на вештачки меѓуѕвездени објекти“, рече д-р Софија Шеик, главен автор на студијата од Институтот SETI.

„Нашите резултати покажуваат колку е реално да се детектира сигнал со технологијата што ја имаме денес. Затоа е важно да продолжиме да бараме техносигнали, дури и кога не очекуваме дека ќе бидат таму“, рече Валерија Гарсија Лопез, коавторка на студијата.

На растојание од речиси 1,3 милијарди километри додека се упатува назад во меѓуѕвездениот простор - од кој никогаш нема да се врати - се проценува дека кометата 3I/ATLAS е со големина помеѓу 440 метри и 5,6 километри. Научниците се сомневаат дека може да биде стара дури 11 милијарди години, двојно повеќе од Сонцето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. 

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на Македонската радио телевизија, говореше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од годинава.

Во однос на убиството во Чаир, министерот информираше дека истрагата сè уште е во тек и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото.

Тошковски посочи дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки.

Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани.

„Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, истакна Тошковски.

Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти.

Особено изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година.

„Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот.

Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст.

Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока, го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи.

Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според министерот, во првите осум месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно седум пати повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела.

„Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски.

Министерот нагласи дека при оценувањето на криминалитетот, покрај статистичките показатели, неопходно е да се земат предвид и промените во законската рамка и начинот на откривање и регистрирање на кривичните дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци .

Град Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база два дена пред нападите на Иран

Четиринаесет руски шпионски сателити се преместија над американската воена база во Саудиска Арабија два дена пред катастрофалниот напад од страна на Иран анализира Си-Ен Ен . 

Си-Ен Ен:14 руски шпионски сателити се преместија над американската воена база  два дена пред нападите на Иран

Временскиот распоред и секвенцата на вселенските летала им овозможија пристап до широк спектар на податоци кои, според американските претставници и меѓународните разузнавачки извори, му помогнале на Техеран да спроведе некои од своите најпрецизни напади над американсклите бази

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер