Тодоров: Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е нејасна - Канал 5

Тодоров: Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е нејасна

Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е многу нејасна, изјави поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров.

Тодоров: Целата ситуација со моето исклучување од ВМРО-ДПМНЕ е нејасна

На денот на централниот комитет не бев тука, бев во странство, и видов дека сум исклучен. Тоа боли. Ова е продолжение на истиот начин на функционирање со сплетки, интриги, невистини. Тодоров ги отфрли обвинувањата дека на денот на централниот комитет спремал пуч. Никогаш ниту сум направил, ниту помислувал да направи пуч во ВМРО-ДПМНЕ, партијата, во која, како што рече, ги оставил коските. Јас верувам во карма, ако дојдеш со пуч, со пуч ќе си заминеш, рече Тодоров. Сега во ВМРО-ДПМНЕ има три структури, а раководството ја носи партијата во изолација. Оцени дека во изминатиот период како да имало оркестрирани обиди да се претстави како предавник. Вели со пратениците кои гласаа за пристапување кон уставните измени се слушнал следниот ден. Можеби направиле грешка, но може и ја спасиле државата од пропаст – рече Тодоров. Поранершниот министер им се извини на жените за законот за абортус донесен во 2013 година и за кој сметаше дека бил најлинерален закон во Европа. За референдумот, за Преспанскиот договор, за 27 април, за тоа што беше клучно да се повлече од пратеничката функција, има ли намера да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете го најновото издание на „Само Вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци

Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што очекува да се намалат смртните случаи на патиштата за 45 отсто.

Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци

Според министерот Ламалари, „поради нечиj каприц, не треба да трпат оние што доцнат и се заглавени во сообраќајот“.

„Луѓе, ако мислите дека сте привилегирани и дека можете да правите што сакате во сообраќајот, притоа да ги задржувате и блокирате оние што ги почитуваат сообраќајните правила и граѓанските норми, само поздравете ги дроноивте над вас и почекајте да ве пресретне најблиската полициска патрола со казната“, соопшти тој на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ одлучил кога ќе го одиграпоследниот натпревар во хрватскиот дрес ?!

Според италијанските медиуми, капитенот на Хрватска,  Лука Модриќ би можел да ја заврши кариерата во репрезентацијата на почетокот на октомври.

Модриќ одлучил кога ќе го одиграпоследниот натпревар во хрватскиот дрес ?!

Според информациите на „Газета дело Спорт“, легендарниот фудбалер планира да настапи во претстојниот репрезентативен циклус и на првите четири натпревари од Лигата на нации, по што целосно би му се посветил на Милан.

„Модриќ целосно ќе му се посвети на Милан по 6 октомври, кога ќе се прости од Хрватска на натпреварот од Лигата на нации против Шпанија во Сплит. Тој веќе ја соопштил својата одлука на селекторот Билиќ, а наскоро за тоа ќе дознаат и навивачите“, наведува италијанскиот весник.

Доколку оваа информација се покаже како точна, дуелот со Шпанија на распродадениот стадион „Пољуд“ ќе биде последниот настап на хрватскиот капитен пред домашните навивачи.

Досега, Модриќ одиграл 202 натпревари за хрватската репрезентација и постигнал 29 гола. Со националниот тим, тој освои сребрен медал на Светското првенство во 2018 година и бронзен медал четири години подоцна во Катар.

Во 2018 година, тој ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, како и признанието за најдобар играч на Светското првенство во Русија. Неговото повлекување би го означило крајот на една од најголемите репрезентативни кариери во историјата на хрватскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ограбената галерија во Лувр повторно отворена; сè уште нема трага од накитот

Ограбената галерија во Лувр повторно отворена, сè уште нема трага од накитот

Ограбената галерија во Лувр повторно отворена; сè уште нема трага од накитот

Галеријата „Аполон“ во музејот Лувр во Париз, од каде што беа украдени скапоцености во вредност од 88 милиони евра, утре повторно ќе се отвори за јавноста.

Скапоценостите нема да бидат изложени, а галеријата „Аполон“ ќе се врати на својата функција како државна галерија од 17-тиот век, изјави денес за АФП еден добро упатен извор.

„Галеријата ќе се отвори во среда“, рече изворот, потврдувајќи ја информацијата на весникот „Ле Паризиен“ и додавајќи дека на настанот ќе присуствува француската министерка за култура, Катрин Пегард.

Претседателот на музејот, Кристоф Лерибо, во интервју за „Ле Паризиен“ изјави дека колекциите и скапоцените предмети што претходно биле изложени се отстранети.

Инаку, во октомври 2025 година, крадци маскирани како градежни работници влегле во галеријата користејќи кран монтиран на камион. Тие украле осум предмети од кралскиот накит, кои сè уште се водат како исчезнати.

За накитот што не бил украден ќе се изгради безбедна просторија – трезор без прозорци – во друг дел од музејот, изјави Лерибо. Упадот во Лувр ги разоткри сериозните безбедносни пропусти во најпосетуваниот музеј во светот, кој годишно привлекува околу девет милиони посетители. Кражбата исто така предизвика внатрешна криза во Лувр, што доведе до смена на неговата претседателка, Лоранс де Кар. „Безбедносните прашања во Лувр беа занемарени во последните години“, констатираше парламентарната комисија за безбедност на музеите во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер