СветСе формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави Светот во наредните месеци треба да се подготви за екстремни горештини, суши и поплави во одредени региони бидејќи се развива исклучително силен Ел Нињо, предупреди денеска Светската метеоролошка организација (СМО), пренесува агенцијата dpa.Температурите на океаните во тропскиот дел на Тихиот Океан, кои силно влијаат на временските услови ширум светот, сега се невообичаено високи, објави агенцијата на ОН со седиште во Женева. „Пред нашите очи расте до невидени размери“ „Ел Нињо расте пред нашите очи во невидени размери“, се вели во соопштението на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Науката не остава простор за сомнеж: планетата заплови во непознати води и тие води брзо се загреваат. Иако некои климатски експерти веќе го користат името „Супер Ел Нињо“, самата Светска метеоролошка организација го избегнува овој термин. Агенцијата ги базира своите прогнози за Ел Нињо на пресметките на голем број метеоролошки служби ширум светот. Тоа е природен феномен кој се случува на секои две до седум години и не е предизвикан од климатските промени, но климатските промени можат значително да ги зголемат нејзините ефекти. „Влеговме во трка меѓу зголемените ризици и нашата подготвеност да преземеме акција и да ги заштитиме луѓето. Мораме да победиме во таа трка“, нагласи Гутереш. Ел Нињо започнува со затоплување на површинскиот слој на морето во централниот и источниот дел на екваторијалниот Пацифик. Според податоците на WMO, температурите таму веќе се за 2,2 до 2,6 степени Целзиусови повисоки од долгорочниот просек. Уште подраматично е под самата површина, каде во јули и почетокот на август температурите на водата на некои места беа и повеќе од 8 степени над просекот. Што значи ова за времето на планетата? Кога океанот се загрева, топол и влажен воздух почнува да се крева, што го менува правецот на глобалните ветрови и ја нарушува атмосферската циркулација. Како по правило, ова носи големи суши во Австралија, Индонезија и јужна Африка, додека западниот брег на Јужна Америка, источна Африка и јужните делови на САД редовно трпат обилни врнежи и поројни дождови. Европа обично доаѓа со поблаги последици. Просечните глобални температури генерално достигнуваат врвови една година по појавата на феноменот. Тоа беше 2024 година, забележана како најтопла во историјата со температура за околу 1,6 степени повисока од прединдустрискиот период, која следеше по силниот Ел Нињо.Тагови: Ел Нињо поплави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВратени 20 тони македонски јаболка од бугарската границаДо утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници. Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното. „Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство. Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница. Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница. Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија. Тагови: Бугарија јаболка пестициди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилностОд шалтерите до дигиталните платформи.. Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги. „Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лековиМинистерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка. Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност. Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски. -За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“ На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи. Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области: регулаторниот систем и надлежностите; одобрувањето и ставањето лекови во промет; производството, дистрибуцијата и снабдувањето; клиничките испитувања и фармаковигиланцата. На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци: Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив; Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ; Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите; Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови; Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции; План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД; Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик; Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка. -Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook