Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ - Канал 5

Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ

Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови од претходната власт, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако СДСМ втор ден ја обвинува Владата дека продолжува со нови зголемувања на јавниот долг. 

Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ

Според него главен проблем се каматите на наследените долгови кои треба да се плаќаат и во следните години, но уверува дека власта е мотивирана да ги решава сите предизвици, а на прашањето од каде ќе се земаат парите одговори дека тоа ќе биде од заемодаватели. Мицкоски повторно се повика на ставот на Бранимир Јовановиќ, екс советник во кабинетот поранешниот министер за финансии Тевдовски, како потврда за долговите од претходната влада.

- Кога тие дошле во самото министерство за финансии за камати плаќале 120 милиони евра. А 2026 година, која што е само втора година од оваа коалициона Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ плаќа 350 милиони. Тоа се камати на долгови коишто ние ги наследивме од Владата на СДСМ и ДУИ. Сите задолжувања се за проекти како овој, за враќање на стари долгови, еврообврзници. Оваа година имаме обврзница од 700 милиони, следната 2027 имаме 500 милиони, во 2028 повторно 700 милиони, имаме камати, буџетски дефицит за реализирани на капитални инвестиции. Тоа се тековни расходи, но она што е важно е дека имаме една од најниските инфалции во Европа, имаме раст на БДП, раст на индустриското производство, изјави Мицкоски.

Од опозициската СДСМ, пак, и денеска реагираат дека Владата на последната седница донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијради евра, со што повторно буџетскиот дефицит ќе надмине 4% од БДП.

- Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери, изјави Кузеска.

Според последните официјални податоци на министерството за финаснии, на крајот на јуни јавниот долг достигнал 10,7 милјарди евра и изнесува 58,8% од БДП. Во однос на 2024 година, во апсолутетен износ долгот е зголемен за нешто над 1 милјрада и 100 милиони евра, но како процент од БДП е намален за речиси 3%, со оглед дека во 2024 беше рекордни 61,4%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс треба да биде ослободен од затвор порано од првично планираното. 

Диди излегува од затвор порано отколку што беше планирано

Неговиот датум на ослободување се менуваше неколку пати во последните месеци, а сега е повторно одложен, објавува TMZ.

Според најновите податоци од Федералното биро за затвори на САД, Комбс треба да биде ослободен на 6 февруари 2028 година. Дури минатиот месец, 2 март 2028 година беше споменат како датум на неговото ослободување, а претходно беа споменати и 21 јануари и 5 и 20 февруари истата година.

Имал проблеми во затворот

Промената на датумот доаѓа по низа проблеми што Комбс ги имал додека ја издржувал казната во Федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Поради инцидентите, според TMZ, тој неодамна бил префрлен во затворот Аленвуд во Пенсилванија.

За време на престојот во Форт Дикс, тој наводно завршил во самица поради кршење на затворските правила. Исто така, имаше тврдења дека учествувал во тепачки и користел шверцувани мобилни телефони.

NBC News претходно објави и за наводниот преференцијален третман што Комбс го добил зад решетки. Според овие тврдења, тој им плаќал на други затвореници да го масираат, да му готват и да извршуваат секојдневни домашни работи.

Тој беше осуден на 50 месеци затвор

Да потсетиме дека во 2025 година, Диди беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за транспорт на лица преку границите на американските држави со цел проституција, што го прекрши таканаречениот Манов закон.

Сепак, поротата го ослободи од посериозните обвиненија за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

За кривичните дела за кои беше прогласен за виновен, тој беше осуден на 50 месеци, или четири години и два месеци затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од Моди

Десетици илјади луѓе се собраа во Њу Делхи за да протестираат против владата на Нарендра Моди, додека гневот расте низ цела Индија поради сеопфатната ревизија на избирачкиот список со која се отстранети 130 милиони имиња.

Десетици илјади на антивладини протести во Њу Делхи, бараат оставка од Моди

Опозицискиот сојуз на Индија, предводен од Конгресната партија, ги собра поддржувачите од целата земја на митинг во индискиот главен град.

Опозициските лидери велат дека ревизијата на избирачкиот список ѝ дава на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЏП) на Нарендра Моди изборна предност и побараа оставка и отстранување на нејзиниот главен изборен службеник, Гјанеш Кумар.

БЏП ги отфрли обвинувањата, објавува Гардијан.

Опозицискиот лидер Рахул Ганди изјави на митингот дека Кумар „го извршил најголемиот злостор со обидот да го замолчи гласот на народот“.

Ганди рече дека обединетата опозиција нема да дозволи „демократијата во земјата да биде уништена“ и му рече на Моди дека „нема каде да бега“.

Најголемиот предизвик за режимот дојде во форма на протести предводени од млади, организирани од движење кое се нарекува себеси „Лебарки“, што доведе до оставка на еден од министрите на Моди, потсетува „Гардијан“.

Опозицијата, предводена од Ганди, ги загуби последните три циклуси општи избори од БЏП, бидејќи опозициските партии во голема мера не успеаја да се спротивстават на силната хинду националистичка реторика на БЏП, објави весникот.

Прашањето за ревидирање на избирачките списоци беше покренато минатата година, но неодамна стана национален скандал откако истрагата на весникот „Индијан експрес“ откри неправилности и несогласувања во рамките на Изборната комисија околу спроведувањето на процесот.

Милиони луѓе кои според сите стандарди треба да имаат право на глас открија дека нивните имиња недостасуваат од избирачките списоци, при што муслиманите и малцинствата се непропорционално погодени.

„Хјуман рајтс воч“ оваа недела изјави дека обвинувањата покренуваат „сериозни прашања за фер однос на идните избори во Индија“. Партијата БЏП се обиде да ги отфрли протестите на опозицијата како анархија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови

Хуманоидни роботи се искачија на планинска патека долга 3,9 километри на планината Таи во Кина, искачувајќи се на 3.100 камени скали, во првото натпреварување во качување за роботи во светот.

Светски натпревар во планинарење за хуманоидни роботи- учествуваат 90 тимови

Покрај нив, во необичниот предизвик учествуваа и четириножни роботи и роботски егзоскелети, надминувајќи висинска разлика од 600 метри. Рутата вклучуваше стрмни падини, долги скали и остри кривини, објави CBS.

Додека набљудувачите гледаа, роботите напредуваа по планината, а некои од нив дури и стигнаа до целта. Настанот ја претвори една од најпознатите планински патеки во Кина во тест-полигон за роботи.

Нерамните камени скали и стрмните искачувања ја тестираа способноста на машините да одржуваат рамнотежа и да го совладаат тешкиот терен. Некои од четириножните роботи, исто така, носеа залихи од храна по патот.

На натпреварот учествуваа 90 тимови кои ги презентираа најновите достигнувања во областа на истражувањето и инженерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер