Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаБез вода делови од ЦентарЕдна информација за граѓаните од централното градско подрачје. Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваАл Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторноХоливудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Поранешните партнери се појавија заедно во Лос Анџелес, а фотографијата и описот што ги објави Нур ја открија причината за нивното повторно обединување. Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес. Легендарниот 86-годишен актер и 32-годишната продуцентка присуствуваа на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“, а Нур сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм. Покрај фотографијата, таа остави краток, но впечатлив опис: – Мајката и таткото на Роман – напиша таа, додавајќи емотикон со црвено срце. Со ова таа покажа дека, без оглед на природата на нивната моментална врска, ги поврзува нивниот тригодишен син Роман, кој се роди во 2023 година. За таа пригода, и двајцата избраа црни комбинации, а нивната блискост повторно поттикна прашања за тоа каква е нивната врска денес. Нејзината сестра, Софија Алфалах, во коментарите напиша „Вечерно излегување за родителите“, со што дополнително ја истакна нивната заедничка улога како родители. Пачино и Нур претходно беа во романтична врска, но кога во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2024 година беше прашан дали е во врска, славниот актер одговори: „Не. Имам пријателски однос.“ Неговиот претставник тогаш исто така изјави дека Пачино и Алфалах останале добри пријатели и заеднички се грижат за својот син, Роман.Тагови: Ал Пачино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРобертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа. „Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време. Andy Robertson on how Diogo Jota’s passing affected the club: “I felt so bad for the new guys who signed for big money… they couldn’t settle in for months…because we didn’t care about football…we lost our edge as a team…” https://t.co/Q6nY7aPl2A — Watch LFC (@Watch_LFC) September 22, 2026 Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“Тагови: Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваО.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во АеродромОпштина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации. Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини. Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook