Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
1Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
2Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
Други спортовиТешка повреда на натпревар меѓу Србија и Грција- одбојкарките плачат (ВИДЕО)Тешки повреди и болни крици го одбележаа четвртфиналниот натпревар помеѓу грчките и српските репрезентации на Европското првенство во одбојка за жени во Брно. Србија победи со 3:0 (25:14, 25:20, 25:17) и се пласираше меѓу последните четири на турнирот, а по таа игра социјалните мрежи беа преплавени со видео од повредата на грчката претставничка Георгија Ангелопулу (21). 🇬🇷 Yunan smaçör Georgia Angelopoulou bu pozisyonda sakatlandı pic.twitter.com/aYchgV7L0b — Gibby (@gibbybaris) September 2, 2026 Тоа се случи на почетокот на вториот сет и по судир со соиграчка. Младата одбојкарка падна на подот со болни крици, по што медицинската служба влезе на теренот за да ѝ помогне. Нејзините соиграчки, како и нејзините сопернички, беа видливо потресени. Не можеше да ја продолжи играта Некои од нив не можеа да ги задржат солзите додека ја гледаа Ангелопулу, која не можеше да ја продолжи играта и мораше да го напушти теренот. Во исто време, противничките на српската репрезентација се држеа за главите, а публиката на трибините гледаше во шок. 😭 Yunanistan'da birçok oyuncu gözyaşlarına boğuldu 🇬🇷 Yunanistan'ın 14 kişilik turnuva kadrosunda 3. kez bir oyuncu sakatlandı https://t.co/Ga4xq88hoF pic.twitter.com/7E4yaf6hpF — Gibby (@gibbybaris) September 2, 2026 Србија до пласманот во осмото полуфинале на Европското првенство ја предводеа Тијана Бошковиќ со 17 поени, Александра Узелац со 15 и Бранка Тица со 12 поени. За Грција, Елпида Тикманиду и Марта Антули постигнаа по девет поени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев? Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински извештај за Ива Михаилова, во кој јасно ќе стои дека нејзиното понатамошно лекување нема да може да се спроведува во Македонија, туку во соседна Бугарија? Единствената цел на овој процес е директна штета на Македонија и ново омаловажување и потценување на интегритетот на македонскиот народ. Имено, за осомничената Ива Михаилова, која инаку е осомничена во кривично-правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, криминалниот другар и доктор на Филипче и Заев, Иван Барбов, изготвил извештај на ден 19.03.2026 година, во кој јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продолжи во соседна Бугарија. Почитувани граѓани, Потегот на бугарските власти кои на високо ниво ја пречекаа или пак ќе ја пречекаат во следните денови, Ива Михаилова, беше осудено од страна на македонските надлежни институции, но и од голем дел од политичките партии, само СДС и Филипче во ниту еден момент не ја спомнаа ниту Бугарија, ниту бугарските власти. На граѓаните веќе им е јасно дека СДС и Филипче одработуваат за источниот сосед, но дека ќе отидат толку далеку, искрено и ние не очекувавме. Ги повикуваме надлежните органи да го истражат овој случај. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоаМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен сл-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски. Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни нападиЖителите на Ријад повторно слушнаа експлозии во средата, откако саудиската служба за цивилна заштита издаде предупредување за воздушен напад за главниот град и за покраината Ал-Карџ, пренесува Асошиејтед прес (АП). Жителите разговараа со АП под услов да останат анонимни од безбедносни причини. Еден жител, кој живее во северниот дел на Ријад, изјави дека експлозиите се слушале во близина на областа каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Крал Калид“. Сè уште не е познато од каде потекнуваат експлозиите. Во провинцијата Ал-Карџ, југоисточно од Ријад, се наоѓаат државната Корпорација за воена индустрија и воздухопловната база „Принц Султан“, што ја прави оваа област значаен воен центар. Во текот на изминатата недела, аеродромот во Ријад повеќепати беше цел на смртоносни напади за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран. Како што ескалира конфликтот со Иран, Хутите постојано ги напаѓаат саудиските аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура. Во вторникот избувна пожар во административна зграда во објект со кој управува „Сауди Арамко“, една од најголемите светски нафтени компании. Овој инцидент претставува најнов напад врз Саудиска Арабија, водечкиот светски извозник на нафта. Хутите однапред најавуваат напади врз аеродромите и нафтените постројки, што ги натера авиокомпаниите да ги суспендираат летовите и да ги повлечат своите авиони за да го минимизираат ризикот. Сè поинтензивните напади ги истакнаа тешкотиите со кои се соочува Саудиска Арабија во пресретнувањето на ракетите и беспилотните летала на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook