Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки
2Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки
Веб ТВСкандал: Студенти запишани на магистерски и докторски студии без соодветни дипломиСкандал го тресе Филозовскиот факултет во Скопје. Седуммина студенти се запишале на магистерски и докториски студии, без соодветни дипломи за завршени додипломски студии. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Странските инвестиции паднаа за две третини, економските ветувања на Мицкоски пропаднааПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека по две години власт на Христијан Мицкоски, целосно пропаднале клучните економски ветувања со кои ВМРО ја доби довербата од граѓаните.Филипче потсети дека Мицкоски ветуваше повисок животен стандард, подобри услови за работниците, намалена инфлација, намален буџетски дефицит и зголемени домашни и странски инвестиции, но реалноста денес е сосема поинаква. „Што ветуваше Мицкоски за економијата и животниот стандард? Зголемен животен стандард, поголем стандард на работниците, намалена инфлација од 2,5%, намален буџетски дефицит и зголемени странски инвестиции. Вистината е сосем поинаква“, рече Филипче. Тој нагласи дека еден од најсилните показатели за економскиот неуспех е драматичниот пад на странските инвестиции. „Наместо зголемување на странските инвестиции, тука да гледаме нови фабрики, отворање на работни места, како што премиерот ветуваше, странските инвестиции се намалени за скоро две третини“, истакна Филипче. Економските резултати на Владата се поразителни и директно се чувствуваат во животот на граѓаните. „Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, порача Филипче. Тој додаде дека наместо подобар стандард, работниците добиле поголема сиромаштија, додека цените продолжуваат да растат. „Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија, сиромаштијата е зголемена за 22%“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата потфрлила и во контролата на инфлацијата. „Инфлацијата од 4,8% е скоро дупло поголема од тоа што го предвидува и го ветува во нивната предизборна платформа. Храната е скапа, на годишно ниво поскапувањето е околу 10%“, нагласи Филипче. Тој оцени дека по две години власт нема ниту нов развоен циклус, ниту реални економски резултати, туку растечки долгови, намалени инвестиции и се потежок живот за граѓаните. „Вистината е практично поразителна со овие две години на власт. Се топат платите, растот на цените е огромен, а ние имаме најнизок стандард во регионот“, порача претседателот на СДСМ, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТаткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се меркиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот. Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. На 20 јуни, во возило ја влечел и се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената и нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во двата одвоени настани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничените да го напуштаат живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала. Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ОЈО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook