Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција - Канал 5

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Како влегувале нелегалните ботокси, кој ги дистрибуирал и како стигнувале до пациентите?

Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција

Со проширувањето на истрагата за случајот „Ботокси“ за уште четири лица, меѓу кои и двајца лекари, Обвинителството се обидува да го склопи мозаикот и да утврди кој сè бил нил дел од нелегалниот синџир на увоз и дистрибуција. Имињата на инволвираните не се откриваат. Од ОЈО велат дека новите тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Од пред три месеци кога и започна аферата наречена „ботокс“ пациентите се повнимателни и доаѓаат на едукација за неинвазивните процедури, вели за Канал 5 Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

Лекарите апелираат дека секој што сака да стави ботокс или филер може да побара да го види и да го провери производот пред да му биде нанесен.

Ризикот, предупредуваат лекарите, не е само во самиот препарат, туку и во начинот на неговото аплицирање. Последиците може да бидат естетски деформитети, инфекции и алергиски реакции, оштетување на нервите и мускулите, а во потешки случаи и нарушувања на дишењето и голтањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога

Општина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.

Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме,  поддршка и помош за младите во ризик од дрога

Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување за пристап до здравствена заштита и остварување на социјалните права, како и информации за намалување на ризиците поврзани со употребата на дроги.

„Им порачувам на младите дека не се сами и дека имаат каде да се обратат. Понекогаш првиот и најважен чекор е разговорот и довербата во човек кој знае како да помогне. Тоа е и целта на овој проект – да дадеме стручна поддршка навреме, но и да делуваме превентивно, затоа што зависноста може да остави сериозни последици врз животот на младите и нивните најблиски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од мај до август 2026 година, Дневниот центар го посетиле 71 корисник, при што се реализирани 274 посети и обезбедени 481 услуга. Фокусот е ставен врз младите и нивните семејства, со цел ризикот да се препознае навреме и да се спречи продлабочување на проблемот.

Покрај директната поддршка, преку овој проект се реализираат и активности за информирање и активно вклучување на младите во креирањето информативни и едукативни содржини за злоупотреба на психоактивни супстанции и штетните последици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје.

Околу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто Скопје

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Акцијата ја обедини граѓанската заедница околу заедничката цел – подобрување на животната средина и создавање почисти и побезбедни простори за сите жители на Скопје.

Со засукани ракави и личен пример, учесниците чистеа јавни површини, паркови, населби и други локации низ градот, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност.

„Околу 30.000 вредни и посветени луѓе денеска покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро“, беше истакнато во рамки на акцијата.

Посебен акцент беше ставен на потребата од создавање трајни навики за одржување на јавните простори. Како што беше посочено, секоја исчистена површина значи поздрав простор за живот, побезбедно место за игра на децата и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Воедно, беше упатен апел до граѓаните да го почитуваат вложениот труд и да придонесуваат кон зачувување на чистотата на јавните површини.

Најавено е дека вакви акции ќе продолжат да се организираат двапати месечно, со цел граѓанската одговорност и грижата за животната средина да прераснат во трајна навика.

„Чистиот град започнува од нас – од грижата за сопствената улица, парк и маало. Денешната акција покажа дека кога граѓаните се обединуваат, може да се направи значаен чекор за почисто и поубаво Скопје“, беше порачано.

Организаторите упатија благодарност до сите граѓани, волонтери, институции, јавни личности и претставници на дипломатскиот кор кои се приклучија на акцијата и со својот ангажман дадоа придонес кон заедничкиот градски простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека  грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.

РКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври

Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер