Град Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ) - Канал 5

Град Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)

БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз.

Град Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ).

На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација.

БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор.

Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност.

Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје.

Со почит,

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Тешка семејна трагедија се случи во Италија, кога 53-годишен татко и неговите две ќерки, на возраст од само 8 и 14 години, загинаа во ужасна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка во Италија: Татко и двете мали ќерки загинаа, мајката се бори за живот (ВИДЕО)

Несреќата се случила кратко пред 8 часот наутро на државниот пат Јонио-Тирено број 682, помеѓу раскрсниците Меликучо и Росарно. Автомобилот во кој се наоѓало четиричленото семејство се судрил со камион.

Мајката на девојчето исто така била тешко повредена во несреќата и била однесена во болница во Полистена на лекување, објавува „Раи њуз“.

Полицијата, екипите на брзата помош и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на трагедијата. Сообраќајот на овој дел беше запрен за да може полицијата да спроведе истрага, а екипите да го поправат патот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. 

Цана: Опаѓа бројот на пациенти со западнонилска треска, двајца се критично

Бројот на пациенти со нилска треска почна да опаѓа со воведените мерки со прскање против комарци и чистење на каналите. Двајца пациенти се критични се уште, вели доктор Фадил Цана директор на Клиниката за инфективни болести во Вести Плус на Канал 5..

Морбилите се идна епидемија во Македонија. Од морбили умираат деца, вакцинацијата е единствен спас, објасни д-р Цана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер