ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!
2ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
МакедонијаОхридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работењеКлуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава. - Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети. - Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: До ноември нема да заврши војната со Иран Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата.Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е филантропија, туку авансна уплата за идни привилегии, тендери и институционална заштита. Ова не е домаќинско владеење, ова е замена за класичен рекет — систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, додека граѓаните подоцна ја плаќаат сметката преку монополи и високи цени. Обвинуваа за рекет, сега гледаме маскиран и јавно признат „Рекет на стероиди“! Залудно власта се обидува да ја замачка јавноста со фразата за „нула денари“. Прво, тие исти компании утре ќе искористат даночни олеснувања за овие спонзорства, со што државниот буџет директно ќе изгуби милионски суми од данок на добивка — што значи дека граѓаните ПАК ја плаќаат сметката! Второ, ако сѐ било приватна донација, зошто Владата ја задолжуваше Државната лотарија уште во април да распишува јавни огласи за уметници од „светска А-класа“ и зошто владини портпароли од официјални говорници најавуваа приватни концерти? Ете зошто се промовираат монополи во авиосообраќајот и бизнисот. Ете зошто Владата свесно го одбива предлогот на ЛДП за намалување и ограничување на банкарските провизии. Оваа соголена спрега меѓу власта и корпорациите директно го објаснува однесувањето на Владата кон граѓаните. Наместо да им ги намали трошоците на граѓаните, Владата ги штити интересите на банките и олигарсите, за тие за возврат да ѝ ги финансираат сценографиите, забавите и политичкиот маркетинг. Ваквиот нетранспарентен систем е директно спротивен на сите европски стандарди за владеење на правото и спречување судир на интереси. На Македонија ѝ се потребни Европската Унија и нејзините строги механизми токму за ваквата коруптивна спрега конечно да може правно да се гони. Затоа власта бега од нов Кривичен законик по урнек на ЕУ и бара изговори за да нема реална правна заштита. ЛДП бара итно објавување на сите договори, спонзори и финансиски текови за одржаните манифестации на сите таканаречени „општествено одговорни компании“. Граѓаните имаат право да знаат кој ја платил државната сценографија, за утре, кога истите тие компании ќе добиваат државни тендери или лиценци, да не се чудиме зашто системот е корумпиран. Бараме да се активира и Државната комисија за спречување на корупцијата и да направи целосно испитување на овие донации и потенцијалниот судир на интереси! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОбид за атентат врз Зеленски?Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, велејќи дека инцидентот ја одразува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе. Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и „остава длабок впечаток“. L’avion de Volodymyr Zelensky a failli être percuté par un drone lors de son décollage de Moldavie, selon le Premier ministre norvégien. Le président ukrainien se rendait à Oslo pour assister aux obsèques du roi Harald V. pic.twitter.com/VR2snbGtcJ — franceinfo (@franceinfo) September 9, 2026 „Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК. Зеленски пристигна од Молдавија во Осло синоќа за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд. Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својата канцеларија утрово. Сторе рече дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта. Извор: Б92Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter