3„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
ХороскопДневен хороскоп за 11. јули 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе с еобидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници. Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БалканАлбанија воведува казни до 5.500 евра за демонстрантиВладата на Албанија на премиерот Еди Рама усвои пакет меркив за сузбивање на насилството за време на протести, кои вклучуваат парични казни во износ до 500.000 леки – што е приближно 5.500 евра. Максималната казна се однесува на поединци кои не постапуваат по полициска наредба за разотидување на собирот, а притоа го кријат својот идентитет. За други прекршоци се предвидени помали парични казни. Самото криење на идентитетот се казнува со парична казна во износ од 10.000 до 100.000 леки. Прописот предвидува исклучоци во случаите кога покривањето на лицето е оправдано од здравствени или верски причини, или пак поради вршење професионални должности – како што се новинарството или давањето медицинска помош. Полицијата ќе биде овластена привремено да забрани или ограничи собири во близина на образовни, здравствени и државни институции, доколку постои реален, сериозен и непосреден ризик од насилство или значителна материјална штета. Ваквото ограничување може да остане на сила најмногу 72 часа и може да биде продолжено еднаш. Во случаи кои вклучуваат повици за насилство на социјалните мрежи, полицијата може да побара отстранување на содржината. Доколку објавата не биде отстранета, или доколку таквото однесување се повтори, полицијата може да преземе мерки во согласност со важечките закони. Надомест на штета за сопствениците на бизниси и регистар на осомничени лица Владата, исто така, најави надомест на штета, финансиран од државата, за малите бизниси кои претрпеле штета – како што се вандализам, грабежи или пожари – за време на протестите. Пакетот вклучува и посебен електронски регистар на поединци кои се пријавени во јавното обвинителство или се под истрага за насилни кривични дела извршени за време на јавни собири. Мерките стапија на сила веднаш, а Парламентот мора да ги ратификува во рок од 45 дена. Во Тирана со месеци траат протести против владата. Движењето започна со мирни собири против проект за луксузен хотел во заштитено природно подрачје – проект зад кој стои Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. До средината на октомври, протестите се проширија и ги вклучија барањата на студентите кои се однесуваат на корупцијата, проблемите во здравствениот систем и недостигот на перспективи за младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат легендарниот дует, дуетот што ги спои Фреди Меркјури и Монсерат Кабаље ќе прозвучи на „Flowers Symphony 2“.Кога Фреди Меркјури посакал да запее со Монсерат Кабаље, не ни можел да замисли дека нивната соработка ќе создаде песна по која ќе се памети една цела олимпијада. На 16 ноември, оваа песна ќе биде дел од „Flowers Symphony 2“ во Македонската филхармонија, каде што Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует во придружба на Оркестар DIVA под диригентска палка на Владимир Димовски. Зад песната стои долгогодишното восхитување на Меркјури кон оперската пејачка Кабаље. Иако публиката го познавала по настапите со Queen и по неговата сценска енергија, операта имала посебно место во неговиот музички свет. Во телевизиско интервју во 1986 година зборувал за гласот на шпанската сопранистка и за желбата да ја запознае. Неговите зборови стигнале до неа, а во март 1987 година двајцата конечно се сретнале во Барселона. Она што Меркјури првично го замислувал како соработка за една песна добило многу поголеми размери кога Кабаље предложила да снимат цел албум. За него тоа било остварување на една лична музичка желба, но и нов предизвик: да создава и да пее покрај една оперска пејачка на која токму тој и се восхитувал. Нивната соработка се развила со взаемна почит и блискост, кои ние и ден денес ги чувствуваме кога ги гледаме нивните заеднички изведби. „Барселона“ ја снимиле во април 1987 година, а веќе во мај ја претставиле заедно пред публика на Ибица. Одѕивот ги охрабрил да продолжат со албумот, кој бил објавен во 1988 година. Неколку години подоцна, песната станала тесно поврзана со Олимписките игри во Барселона во 1992 година и станала еден од музичките симболи на градот. И денес, привлечноста на овој дует е во начинот на кој се надополнуваат два различни гласа. Во него има и театралност, и нежност, и силни заеднички делови, доволно простор изведувачите да внесат нешто свое, дури и во песна што публиката толку добро ја познава. На „Flowers Symphony 2“, таа задача ќе ја преземат Наде Талевска и Бојан Стојков. Нивната изведба, со симфониската придружба на Оркестар DIVA, ќе ѝ даде можност на скопската публика да го слушне овој дует во живо и да го доживее одблиску. Овој извонреден дует ќе биде за првпат изведен од Оркестар DIVA и тоа пред скопската публика. „Барселна“ ќе биде дел од вечерта посветена на познати италијански класици, филмски теми и композиции, меѓу кои и музиката на Енио Мориконе и Ханс Цимер, со оркестар, хор и солисти на една сцена. „Flowers Symphony 2“ ќе се одржи на 16 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија. Картите се во продажба на e-ticket.mk/events/diva и во Fruttissimo Juice Bar, Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter