Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо - Канал 5

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Македонија најверојатно ќе ја води истрагата за сериозниот инцидент со Боингот 737 на “Рајанер“, кој со оштетен десен мотор и скршен прозорец принудно се врати на аеродромот во Солун, од каде што полета за Минхен.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД соопшти дека веќе е назначен акредитиран претставник,кој треба да и помогне на Македонија во истрагата за овој инцидент, посочувајки дека според правилата на Меѓународната организација за цивилно возгухопловство и Анекс 13, истрагата ја води државата над чија територија или воздужен простор се случила несреќата или сериозниот инцидент, што во случајот е Македонија..

Од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Претседателот на комитетот Марјан Прпоски во кус разговор за Канал 5, единствено посочи дека во моментов во тек е истрага, по што јавноста ќе биде информирана дали македонските институции ќе ја водат истрагата.

Во меѓувреме, поралот „аеро рс“ објави дека во истрагата за несреќата учествуваат повеќе држави меѓу кои Грција, каде се врши детална анализа на авионот и неговите оштетувања, Малта, како држава каде е регистриран авионот и операторот Рајанер, САД, како производител на авионот Боинг 737, како и производителот на моторот поради неговото сериозно оштетување. Порталот ја наведува и Македонија како држава чии истражни ограни ја водат постапката и која треба да ги донесе конечните заклучоци.

Инцидентот се случи вчера, кога авионот кој летал од Солун кон Минхен, кратко по полетувањето пријавил проблем со еден од моторите. Пилотите го забележале дефектот додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Македонија и донеле одлука да го пренасочат летот и да се вратат назад кон аеродромот во Солун. Според досегашните информации, фрагмент од моторот се откинал и скршил еден од прозорците во патничката кабина, по што дошло до нагла промена на притисокот. Како што објавија дел од медиумите, српски државјанин за влакно ќе излетал од отворот, но бил задржан со безбедносниот појас и со помош на другите патници. Дел од српските експерти за воздхупловство, велат дека ако тоа се потврди, патникот може да добие астрономска отштета.

-Патникот кој го доживеа сето ова, и доколку истрагата покаже, може неговите две три колена потомци да станат многу побогати, ако се потврди дека е невнимание на некој дел од системот за одржавање.- Петар Војновиќ, уредник на порталот за воздухопловство „Tango six“

По слетувањето, на аеродромот во Солун биле активирани безбедносните процедури, а патникот бил пренесен во болница со полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата

Ќерката на покојниот „крал на поп-музиката“ Мајкл Џексон, Парис Џексон, побара од судот да нареди исплата на 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. 

Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата

Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот.

Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година.

Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од милијарди долари по неговата смрт во 2009 година, но дека семејниот фонд – формиран за да ја обезбеди иднината на неговите деца – останал без средства.

Според магазинот „Пипл“ (People), таа побарала од судија во Лос Анџелес да одобри делумен пренос на средства во фондот на Мајкл Џексон.

Фондот е основан за добробит на неговите три деца: Принс (29), Парис и Биги (24). Според одредбите, наследниците требало да почнат да добиваат приходи од своите удели кога ќе наполнат 21 година. Исто така, предвидено е тие да добијат делови од средствата на возраст од 30, 35 и 40 години.

Парис, сепак, тврди дека таквата распределба не се случила онака како што замислил нејзиниот татко.

„Повеќе од 17 години по неговата смрт, семејниот фонд на Мајкл Џексон сè уште не е финансиран“, се наведува во судскиот поднесок.

Во документите се наведува дека Принс наближува кон својот 30-ти роденден, додека Парис во април ќе наполни 29 години, а Биги во февруари ќе наполни 25 години.

Нејзиниот правен застапник смета дека, поради отсуството на уплати во фондот, братот и сестрите сè уште зависат од одлуките на извршителот на тестаментот, Џон Бранка, кој одлучува кога и колку пари ќе добијат тие.

Адвокатите на Парис Џексон наведуваат дека имотот на нејзиниот татко остварил значителни приходи благодарение на бројни деловни зделки и продажба на имот.

Тука спаѓаат продажбата на удел во „EMI Music Publishing“ за 287,5 милиони долари во 2018 година, продажбата на ранчот „Неверленд“ за 22 милиони долари во 2020 година, како и договорот со „Sony“ од 2023 година, кој се однесува на музиката на Мајкл и други права на интелектуална сопственост.

Според поднесениот документ, овие трансакции генерирале повеќе од 1 милијарда долари во готовина, пред оданочување и покривање на трошоците. Извршителите на тестаментот претходно ја процениле вредноста на оставината на износ помеѓу две и три милијарди долари. Адвокатите се повикаа и на финансискиот извештај, според кој, во декември 2024 година, оставината располагала со околу 850 милиони долари во готовина и готовински еквиваленти.

Откако ќе се земат предвид потенцијалните обврски, Парис смета дека на располагање би можеле да бидат околу 600 милиони долари за уплата во семејниот труст.

Во документот се спомнува и ветувањето на извршителите од 2011 година, кога пред судот изјавиле дека размислуваат да поднесат посебно барање за распределба на средствата. Правниот тим на Парис Џексон тврди дека такво барање никогаш не било поднесено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Мегин Кели ги коментираше фотографиите на кои холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од „Шанел“.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Американската водителка Мегин Кели упати критики кон актерката Никол Кидман поради фотографии објавени во австралиското издание на списанието „Вог“.

Таа тврди дека фотографиите биле значително ретуширани за актерката да изгледа помлада, а исто така изрази забелешки и за начинот на кој е облечена.

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Кели ги коментираше фотографиите на кои Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од брендот „Шанел“.

- Имаше тврдења дека користеле вештачка интелигенција за таа да изгледа помладо. И тоа, додека е облечена како тинејџерка. Таа жена има 60 години. „Не мораш да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“, рече Кели.

Таа додаде дека таков начин на облекување е несоодветен, наведувајќи дека актерката поминува премногу време на Инстаграм и дека фотографиите очигледно се обилно ретуширани.

- Лицето ѝ изгледа отечено. А сепак, како со некое чудо, на оваа насловна страница нема ни трага од годините – рече Кели.

На фотографиите за „Вог“, актерката позира во неколку комбинации од модната куќа „Шанел“, вклучувајќи црни кратки топови, украсени фармерки со низок струк и качкет.

Фотографиите за ноемвриското издание на списанието се дело на фотографот Лаклан Бејли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА?

Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура.

„Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата.

Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат.

Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено.

„Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите.

„Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“

Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат.

„Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро.

Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер