Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик? - Канал 5

Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?

До среда да постигнеме договор и реформската агенда да ја исполниме во целост- ВМРО-ДПМНЕ повторно ги повика опозициските партии на консензус за Изборниот законик. 

Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?

Велат дека не треба да се губи време, туку СДСМ, Левица, ДУИ, и останатите партии да ги решат сите отворени прашања, вклучувајќи го и изборниот модел и финансирањето, а владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ќе дадат бланко поддршка. Единствен услов повторија дека е дијаспората на која инсистираат да и се олесни начинот на гласање.

-Што сакаат, како сакаат, за што тие сметаат дека треба да бидат прифатени, за нас ќе бидат прифатливи, веднаш даваме бланко поддршка, го потпишуваме тоа законско решение кој што тие било го доставиле до нас, се додека е вклучено гласањето на дијаспората. Сметаме дека имаме уште време наредната недела, до 15 јули, оваа цел да ја заокружиме и да зацртаме 10 од 10 исполнети цели. Сето тоа која што тие го имаат како разлики, за која што велат дека на некој начин кочиме или имаме различност во ставовите, не е вистина.- Бојан Стојаноски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и понатаму има сомнежи и гледаат скриени намери кај власта. Тврдат дека се прави терен за неуспех во реформската агенда, а главен виновник да биде опозицијата која не се согласува на предлог измените. Со гласање на иселениците без физичко присуство, велат дека се отвора врата за изборни нерегуларности, за што веќе најавија дека нема да дадат поддршка.

„ Изборниот законик за Мицкоски не е цел, туку изговор.Тој и неговата криминална група не сакаат да го донесат овој закон за да имаат алиби зошто не ја исполнуваат Реформската агенда. Тие свесно го блокираат процесот за да можат да кажат дека „опозицијата не дозволува“. А вистината е дека тие не сакаат ЕУ. / СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ниту со електронско гласање, ниту со гласање преку пошта без контрола. “-Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ

Засега нов меѓупартиски состанок не е планиран. Најава има само од Левица од каде изјавија дека следната недела ќе иницираат средба со СДСМ и ДУИ, за да постигнат консензус околу една изборна единица како најважно прашање од пакетот измени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер