Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
3Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор
ЖивотШокантно видео: Потера на американски авиони ловци по НЛОВојската на САД по прв пат признала не сме сами во вселената!?Во ноември во 2004 година, борбена група на американски авиони ловци „УСС Нимитц “ имала радарско визуелна средба со неидентификуван летачки објект. Во декември во 2017 година објавена е и инфрацрвена снимка од инцидентот, а Вашигтон Пост , тогаш објави дека видеото го објавил поранешниот разузнавачки офицер Луис Елизондо за да ја обелодени тајната операција на Министерството за одбрана. Војската никогаш до сега официјално не признала дека тој програм постоел, но „Њујорк тајмс“ стигнал до видео материјалот , а контактирал и со дел од учесниците во спорниот програм. Програмот службено е укинат во 2012 година, но добро информираните велат дека луѓето продолжиле да работат на него но биле преместени да други позиции и дека се уште се анализираат сите податоци поврзани со НЛО. Едно од видеото кое излезе во јавноста покажува како двајца пилоти на Ф/А -18 Суперхорнет во 2004 година полетале од носач на авиони поради необичен летачки објект со големина на патнички авион. „Ова е е.ен дрон, се слуша гласот на еден од пилотите. „Ма има цела ескадрила, погледни на С.А. Мој Боже“ „Сите одат низ ветер“. Дова 120 милји на час.„Погледни се врти. Не е тоа она што мислам....“, се слуша на видеото кое се појави во јавноста во август. Пентагон упорно молчел за овие инциденти, но на 23 април американската морнарица за магазинот „Политико“ потврдила: Имавме повеќе извештаи за неидентификувани и неовластени летала кои последните години влегуваа во нашиот воздушен простор“. Разузнавачот Елизондо инсистира дека инцидентот со НЛО е вистински. -Сега имате луѓе на највисоки позиции во власта на САД и меѓународната заедница кои конечно овој феномен на НЛО го сфаќаат сериозно, истакнал Елизондо. Елизондо воедно за „Њујорк тајмс“ изјавил дека излегол од Министерството за одбрана во септември во 2017 година поради преголемата најност со која е опкружен целиот програм. Тој смета дека постојат докази кои ја подржуваат теоријата дека летала на вонземјани ја посетиле Планетата Земја. „Тие летала, ќе ги наречеме летала покажуваат карактеристики кои американското воздухопловство , ако и ниту едно друго воздухопловство на светот во моментов не ги поседува во својот арсенал, истакнал Елизондо. Поранешен висок службеник на Пентагон вели дека леталото на видеото „му пркоси на законите на аеродинамиката“, дека нема очигледни форми на погон и дека меневрирало на начин кој е далеку од Г-силата која човечкото тело може да ја издржи. Сторијата во Њујорк тајмс“ вклучувала и видео снимка од средбите на американските пилоти со НЛО во 2014 година. Еден од пилотите пензионираниот капетан Давид Фравор за СНН изјавил дека летачките објекти изгледале како „15 –метарски бонбоните Тик – Так“ со мољевита способност за маневрирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамОштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долариКој плаќа за штетата на автомобилот настаната за време на пробно возење?Земањето автомобил на пробно возење не го прави потенцијалниот купувач вработен во автосалонот, но еден Канаѓанец се обиде да тврди токму спротивното откако оштети „Chevrolet Corvette C8“. Во 2024 година, Кирби Сјуел нарача нов „Corvette Stingray“ од автосалонот „Gardner Chevrolet-Buick-GMC“ во канадската провинција Британска Колумбија. За време на пробното возење, тој застанал на одморалиште за камиони за да го фотографира автомобилот. Сепак, при маневрирањето, тој удрил во бетонска пречка, оштетувајќи ја десната страна на возилото. По инцидентот, тој се откажал од купувањето, но одбил да плати за штетата. Тој тврдел дека, според законите на Британска Колумбија, за време на пробното возење тој всушност се третирал како вработен во автосалонот – што имплицира дека штетата треба да биде покриена од осигурувањето на автосалонот, пренесува „CarScoops“. Судот го отфрли неговото толкување на законот Автосалонот го тужеше Сјуел, а судот пресуди тој да плати 17.182 канадски долари. Судијата заклучи дека Законот за моторни возила не е наменет да ги заштити возачите од последиците на нивната сопствена невнимателност. Сјуел поднел жалба, но апелациониот суд ја потврди пресудата, оценувајќи дека неговото толкување на законот е спротивно на здравиот разум. Според медиумските извештаи, автосалонот на крајот потрошил околу 7.000 американски долари за поправка на возилото, а поради оштетувањето, подоцна морале да го продадат автомобилот по намалена цена од 82.000 американски долари. Фотографиите што ги направил Сјуел за време на застанувањето покажале дека тој имал доволно простор безбедно да маневрира без да удри во пречка. Овој случај служи како потсетник дека одговорноста за штетата настаната за време на пробно возење зависи од околностите на инцидентот, важечките прописи и условите на осигурувањето. Во одредени случаи, автосалоните може да побараат од возачот да учествува во покривањето на трошоците што не се опфатени со полисата за осигурување. Затоа, пред пробно возење, препорачливо е да се проверат условите за осигурување и да се разјасни кој сноси одговорност во случај на оштетување на возилото. Извор: Б92Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16