АвтомобилизамОштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долариКој плаќа за штетата на автомобилот настаната за време на пробно возење?Земањето автомобил на пробно возење не го прави потенцијалниот купувач вработен во автосалонот, но еден Канаѓанец се обиде да тврди токму спротивното откако оштети „Chevrolet Corvette C8“. Во 2024 година, Кирби Сјуел нарача нов „Corvette Stingray“ од автосалонот „Gardner Chevrolet-Buick-GMC“ во канадската провинција Британска Колумбија. За време на пробното возење, тој застанал на одморалиште за камиони за да го фотографира автомобилот. Сепак, при маневрирањето, тој удрил во бетонска пречка, оштетувајќи ја десната страна на возилото. По инцидентот, тој се откажал од купувањето, но одбил да плати за штетата. Тој тврдел дека, според законите на Британска Колумбија, за време на пробното возење тој всушност се третирал како вработен во автосалонот – што имплицира дека штетата треба да биде покриена од осигурувањето на автосалонот, пренесува „CarScoops“. Судот го отфрли неговото толкување на законот Автосалонот го тужеше Сјуел, а судот пресуди тој да плати 17.182 канадски долари. Судијата заклучи дека Законот за моторни возила не е наменет да ги заштити возачите од последиците на нивната сопствена невнимателност. Сјуел поднел жалба, но апелациониот суд ја потврди пресудата, оценувајќи дека неговото толкување на законот е спротивно на здравиот разум. Според медиумските извештаи, автосалонот на крајот потрошил околу 7.000 американски долари за поправка на возилото, а поради оштетувањето, подоцна морале да го продадат автомобилот по намалена цена од 82.000 американски долари. Фотографиите што ги направил Сјуел за време на застанувањето покажале дека тој имал доволно простор безбедно да маневрира без да удри во пречка. Овој случај служи како потсетник дека одговорноста за штетата настаната за време на пробно возење зависи од околностите на инцидентот, важечките прописи и условите на осигурувањето. Во одредени случаи, автосалоните може да побараат од возачот да учествува во покривањето на трошоците што не се опфатени со полисата за осигурување. Затоа, пред пробно возење, препорачливо е да се проверат условите за осигурување и да се разјасни кој сноси одговорност во случај на оштетување на возилото. Извор: Б92Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлармантна состојба во македонските затвори: Во „Идризово“ еден лекар за 691 лицеЕден лекар на речиси 700 затвореници во Идризово, недостиг од медицински персонал и отежнат пристап до лекување. Ова се дел од клучните наоди во извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедување на здравствена заштита во казнено-поправните установи, кој опфаќа 11 установи во Македонија. „ Само присуство на лекар или амбулата не гарантира достапност, во дел од установите персоналот не доаѓа повремено, а постојат непополнети или несистематизирани работни места. Во Идризово, според извештајот еден лекар опслужува приближно 691 лице, а една сестра/техничар околу 461 лице. Скринингот за заразни болести, вацинацијата, периодичните прегледи и систематското следење на хроничните заболувања не се воспоставени подеднакво“-- Заменик народен правобранител Соња Трифуновска. Но проблемите не се ограничуваат само на недостигот од лекари. Отежнат е и пристапот до специјалистички прегледи поради недостиг од возила и персонал за спровод. Во дел од установите терапијата ја распределуваат затворски службеници, а набавката на лекови понекогаш паѓа на товар на семејствата. Условите за здравствена заштита не се исти во сите затвори. Извештајот покажува дека дел од установите се соочуваат со сериозни проблеми во обезбедувањето медицинска помош. „ Во извештајот се наведува дека седум установи се пренатрупани, седум имаат постојан здравствен персонал, додека четири се потпираат на периодични здравствени услуги или дежурства по повик. Ниту една установа не обезбедува здравствена заштита 24 часа дневно“– Килиан Вал, амбасадор на ОБСЕ. Амбасадорот Вал посочи дека целта е да се намалат прекините во лекувањето и да се обезбеди пристап до препишаните лекови, без разлика на финансиската состојба на затворениците. Редовните прегледи, вакцинацијата и следењето на хроничните заболувања можат да придонесат за подобри здравствени резултати. Правата од здравствена заштита кај затворениците се загаранитирани со закон. Извештајот на правобранителот покажува дека законот не се спроведува во затворите. Правобранителот со повик до сите институции за спроведување на конкретни мерки и еднаков пристап до медицинска помош на осудениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериумПовисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки.Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки, Прагот за набакви на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Очекувањата на властите се дека измените кои се дел од Реформската агенда, ќе ги поедностават постапките, ќе ги намалат административните трошоци и ќе придонесат за поквалитетно трошење на јавните пари. Сепак, од граѓанскиот сектор реагираат дека измените биле донесени без јавни консултации, ниту била објавена анализа која би го оправдала двојното зголемување на праговите. -Не беше консултирана, да кажам, ниту стручната експертска јавност, граѓанскиот сектор. Ние поради тоа испративме еден допис до Собранието протестирајќи против таквиот начин на изработка на измените и на донесувањето, меѓутоа ништо не се случи во меѓувреме. Потребна е анализа којашто покажала дека треба двојно да се зголеми прагот. Значи, како е одредено дека од 1.000 евра сега е 2.000 евра? Да видиме анализа, да прочитаме дали е тоа изработено врз основа на некоја анализа или така е, паушално,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации. Измените предвидуваат и примена на критериумот цена – квалитет, односно при изборот на понудите да не се одлучува само според најниската цена, туку и според квалитетот што се добива. Предвидено е и унапредување на дигитализацијата и користење на вештачката интелегенција за анализа на податоци и препознавање ризични образци. - Со примена на нови алатки и механизми како што е и вештачката интелигенција, може дополнително да се утврдуваат тие, да кажам, ризични процеси, ризични моменти во јавните набавки, како што се сега црвените знамиња, и дополнително тоа да значи, да кажам, некаква брана, некакви механизми за намалување на злоупотребите во јавните набавки,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации. Според граѓанскиот сектор и адвокатската комора, спорни се и измените во жалбените постапки со кои надоместоците за жалби се зголемуват од 50 до 200, на 150 до 600 евра, а фирмите нема да можат да ги надоместат адвокатските трошоци дури и кога би докажале дека жалбата им е основана. Адвокатите предупредуваат дека ова може да ги обесхрабри фирмите да ги оспоруваат спорните тендери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаПредлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација.Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација во редовен работен однос по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски целта е да им се помогне на илјадници лица кои со години работат со државните и јавните институции на определено време, а немаат како што рече сигурност на работното место, ги немаат сите права на платен одмор, социјално и пензиско осигурување. - Станува збор за лица ангажирани со договори на определено време, договори на дело, авторски договори, преку агенции за привремени вработувања и други договори за извршување работа. Со решението се опфаќаат органите на државната власт, определени јавни установи од областа на здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции утврдени со законот, изјави - Бојан Стојаноски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата, кажа Стојаноски. Законот предвидува институциите да не смеат да ги раскинуваат договорите на опфатените лица додека не стапат во сила нивните решенија за вработување, освен во случаите на повреда на договорните обврски согласно законот. -Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Притоа, трансформацијата ќе се реализира фазно. За најмногу 50 проценти од опфатените лица, договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување. За преостанатите лица, договорите и решенијата ќе стапат во сила најдоцна до 31 декември 2027 година, објасни Стојаноски. Од законското решение предвидени се и конкретни исклучоци. Изземени се акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, како и високообразовните и научните установи. Од листата исто така изземени се МВР Агенциите за национална безбедност и за разузнавање, БЈБ и уште неколку други. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter