Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
СветСе појави сериозен раскол поради ПутинДанската премиерка Мете Фредериксен денеска ги критикуваше претставниците на Финска и Норвешка поради водењето телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин.„Многу сум скептична во однос на оваа норвешка и финска иницијатива. Таа не беше усогласена со никого од нас останатите“, изјави Фредериксен, пренесува данскиот јавен сервис ДР. Според неа, Русија не сака мир со Европа и секојдневно води хибридна војна. „Она на што сме сведоци во последните недели е екстремна бруталност од страна на Русија. Колку што можам да видам, тие ги засилија своите напади. Не знам што мислат Финска и Норвешка дека можат да постигнат со ова“, рече Фредериксен, која моментално е во посета на Финска. Таа нагласи дека Европејците мора да држат заедно и да го координираат секој свој потег. Путин денеска разговараше телефонски со финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Путин ја оцени ситуацијата во зоната на конфликтот во Украина, укажувајќи на нејзините основни причини. Тој нагласи дека постигнувањето долгорочен мир е можно само доколку целосно се земат предвид интересите на Русија“, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесено од агенцијата РИА Новости. Кабинетот на финскиот претседател претходно денеска соопшти дека Стуб и Сторе ја иницирале средбата, при што фокусот бил ставен на дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Ова претставува прв директен контакт меѓу Путин и истакнати европски лидери – кои се сојузници на Киев – уште од јули минатата година, кога тој разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон. Пред точно една недела, во Осло се одржаа мировни разговори на кои учествуваа специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, претседателот на Финска, премиерот на Норвешка и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Следниот ден, Виткоф отпатува во Санкт Петербург, каде што беше примен од Путин, кој ја пренесе подготвеноста на Русија за продолжување на трилатералните консултации со САД и Украина. Според Песков, средбата би можела да се одржи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во текот на првата половина од ноември.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16