ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот - Канал 5

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Бранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид  денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.

ГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купот

Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда.

Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење.

Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долари

Кој плаќа за штетата на автомобилот настаната за време на пробно возење?

Оштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долари

Земањето автомобил на пробно возење не го прави потенцијалниот купувач вработен во автосалонот, но еден Канаѓанец се обиде да тврди токму спротивното откако оштети „Chevrolet Corvette C8“.

Во 2024 година, Кирби Сјуел нарача нов „Corvette Stingray“ од автосалонот „Gardner Chevrolet-Buick-GMC“ во канадската провинција Британска Колумбија. За време на пробното возење, тој застанал на одморалиште за камиони за да го фотографира автомобилот.

Сепак, при маневрирањето, тој удрил во бетонска пречка, оштетувајќи ја десната страна на возилото.

По инцидентот, тој се откажал од купувањето, но одбил да плати за штетата. Тој тврдел дека, според законите на Британска Колумбија, за време на пробното возење тој всушност се третирал како вработен во автосалонот – што имплицира дека штетата треба да биде покриена од осигурувањето на автосалонот, пренесува „CarScoops“.

Судот го отфрли неговото толкување на законот

Автосалонот го тужеше Сјуел, а судот пресуди тој да плати 17.182 канадски долари. Судијата заклучи дека Законот за моторни возила не е наменет да ги заштити возачите од последиците на нивната сопствена невнимателност.

Сјуел поднел жалба, но апелациониот суд ја потврди пресудата, оценувајќи дека неговото толкување на законот е спротивно на здравиот разум. Според медиумските извештаи, автосалонот на крајот потрошил околу 7.000 американски долари за поправка на возилото, а поради оштетувањето, подоцна морале да го продадат автомобилот по намалена цена од 82.000 американски долари.

Фотографиите што ги направил Сјуел за време на застанувањето покажале дека тој имал доволно простор безбедно да маневрира без да удри во пречка.

Овој случај служи како потсетник дека одговорноста за штетата настаната за време на пробно возење зависи од околностите на инцидентот, важечките прописи и условите на осигурувањето. Во одредени случаи, автосалоните може да побараат од возачот да учествува во покривањето на трошоците што не се опфатени со полисата за осигурување. Затоа, пред пробно возење, препорачливо е да се проверат условите за осигурување и да се разјасни кој сноси одговорност во случај на оштетување на возилото.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер