Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
3Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор
МакедонијаНиколоски: Извозот е прв приоритет за домашната економијаВладата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во Шенген зоната за транспортерите, Швајцарија прва ни подаде рака и ќе продолжиме да го решаваме ова прашање. Инвестициите во развој на транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 ги реализираме забрзано, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на “Форумот за глобална трговија и раст 2026” во организација на Швајцарската комора на Македонија. “ Извозот е приоритет, затоа што доколку се ограничиме само на она што е домашен пазар, тогаш далеку од биле, дури и од ова ниво на економски раст којшто го имаме сега, а секако треба и дополнително да растеме, затоа што ова е далеку од она што би сакале да го видиме. Така што, извозот е број еден приоритет за домашната економија, нешто што многу го стимулираме, го поддржуваме како Влада. Драго ми е дека расте, драго ми е дека странските компании кои што имаат инвестирано, продолжуваат да растат. Исто така, доаѓаат и нови компании коишто сакаат да инвестираат, но она што ми е исто посебно драго е што домашните компании сè повеќе излегуваат на странскиот пазар. Очекувам далеку повеќе да растеме во следниот период” – истакна Николоски. Тој додаде дека инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано и во комбинација со конкуретнице цени на услугите, Македонија бележи раст на економијата и извозот. “ Цената на горивото во Македонија е убедливо најевтина, не само во целиот регион, во цела Европа. Понатаму, цената на железничките услуги, што ги дава Македонски Железници Транспорт, исто така се најевтини и најконкурентни во регионот. Така што, мислам дека наша задача во следниот период ќе треба да ги одржиме овие цени, имајќи предвид глобалните предизвици” –рече Николоски. Владата останува силно посветена на поддршка на домашните но и на странските компании, дополнително на што треба да се работи, заклучи вицепремиерот Николоски е процесот на стандардизација за да се подигне нивното на конкуретност на странските пазари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамОштетил скап автомобил за време на пробно возење – мора да плати 17.000 долариКој плаќа за штетата на автомобилот настаната за време на пробно возење?Земањето автомобил на пробно возење не го прави потенцијалниот купувач вработен во автосалонот, но еден Канаѓанец се обиде да тврди токму спротивното откако оштети „Chevrolet Corvette C8“. Во 2024 година, Кирби Сјуел нарача нов „Corvette Stingray“ од автосалонот „Gardner Chevrolet-Buick-GMC“ во канадската провинција Британска Колумбија. За време на пробното возење, тој застанал на одморалиште за камиони за да го фотографира автомобилот. Сепак, при маневрирањето, тој удрил во бетонска пречка, оштетувајќи ја десната страна на возилото. По инцидентот, тој се откажал од купувањето, но одбил да плати за штетата. Тој тврдел дека, според законите на Британска Колумбија, за време на пробното возење тој всушност се третирал како вработен во автосалонот – што имплицира дека штетата треба да биде покриена од осигурувањето на автосалонот, пренесува „CarScoops“. Судот го отфрли неговото толкување на законот Автосалонот го тужеше Сјуел, а судот пресуди тој да плати 17.182 канадски долари. Судијата заклучи дека Законот за моторни возила не е наменет да ги заштити возачите од последиците на нивната сопствена невнимателност. Сјуел поднел жалба, но апелациониот суд ја потврди пресудата, оценувајќи дека неговото толкување на законот е спротивно на здравиот разум. Според медиумските извештаи, автосалонот на крајот потрошил околу 7.000 американски долари за поправка на возилото, а поради оштетувањето, подоцна морале да го продадат автомобилот по намалена цена од 82.000 американски долари. Фотографиите што ги направил Сјуел за време на застанувањето покажале дека тој имал доволно простор безбедно да маневрира без да удри во пречка. Овој случај служи како потсетник дека одговорноста за штетата настаната за време на пробно возење зависи од околностите на инцидентот, важечките прописи и условите на осигурувањето. Во одредени случаи, автосалоните може да побараат од возачот да учествува во покривањето на трошоците што не се опфатени со полисата за осигурување. Затоа, пред пробно возење, препорачливо е да се проверат условите за осигурување и да се разјасни кој сноси одговорност во случај на оштетување на возилото. Извор: Б92Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16