Потресно сведоштво на мајка: Агресивни кучиња ми ги нападнаа децата (ФОТО) - Канал 5

Потресно сведоштво на мајка: Агресивни кучиња ми ги нападнаа децата (ФОТО)

Лени Ангелоска-Здравеска од Гостивар и нејзините две мали деца биле нападнати од кучиња во селото Другово, кичевско.

Потресно сведоштво на мајка: Агресивни кучиња ми ги нападнаа децата (ФОТО)

Вели дека доживеале хорор, објави фотографии од повредите на дечињата и побара реакција од институциите.

-На 22.05.2026 година, во с. Другово – Кичево, доживеавме вистински хорор. Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две агресивни црни кучиња (ротвајлери).

Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Додека се обидував да го спасам, се појави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето. Детето беше влечено по бекатонот и во еден момент до нас дојде кола, изгасна колата и детето заврши буквално до предното тркалото речиси под автомобил. Со последни сили успеав да го извлечам, го зедов во раце и влегов во двор кај соседите за да се спасиме. Но, кучињата продолжија да се враќаат по нас, пишува мајката.

Информира дека детето се здоби со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

-Најстрашно од сè е што човекот кој ги чува кучињата ладнокрвно одговори дека „не му е ништо“ и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност. Не праша ни како се децата, ни што точно се случило. Овој случај е пријавен во МВР од страна на брзата помош, дадена е изјава од моја страна. Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете — утре може да биде нечие друго. Барам одговорност и реакција од надлежните институции. Никој не смее да поминува низ ваков страв и траума. Ве молам за поддршка, споделување и обединување како народ, за конечно да се стави крај на вакви ситуации пред да биде предоцнa, пишува мајката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, информираат од УХМР. 

Викендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Крушево, Тетово, 9 Крива Паланка, 10 Претор, Зајчев Рид, Скопје Петровец, Охрид, 11 Прилеп, Битола, 12 Велес, Виница, Берово, Струмица, 13 Кавадарци, Штип, 14 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

18 Охрид, 13 Претор, 7 Крива Паланка, Прилеп, 6 Лазарополе, 5 Велес, Виница, Битола, 4 Попова Шапка, Крушево, Штип, 1 Демир Капија, Тетово, Кавадарци, Зајчев Рид, Берово.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе продолжат и ќе бидат слаби до умерени.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знаме

Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знаме

Денеска (27.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ, СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Тетово, на кој беа разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните мерки во пресрет и за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.

„Полицијата е во служба на сите граѓани и наша обврска е да обезбедиме сигурност, да ги заштитиме нивните права и имотот и да го одржуваме јавниот ред и мир. Ќе постапуваме професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон секое незаконско и насилно однесување“, истакна директорот Јанев.

МВР апелира до граѓаните празникот да го одбележат достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите, придонесувајќи за безбедна атмосфера за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“

Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија.

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“

Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории:

1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;

2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;

3. Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект;

4. Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на [email protected], или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака - За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците.

За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.

Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.

Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер