Одделот за внатрешна контрола изврши проверки по објавените наводи за постапувањето на полицијата при сообраќајна незгода во Скопје
2Одделот за внатрешна контрола изврши проверки по објавените наводи за постапувањето на полицијата при сообраќајна незгода во Скопје
3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МакедонијаОдделот за внатрешна контрола изврши проверки по објавените наводи за постапувањето на полицијата при сообраќајна незгода во СкопјеВо рамки на проверките, извршени се разговори со полициските службеници кои постапувале по настанот, како и со учесниците во сообраќајната незгода.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде мерки и дејствија по објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук од лицето М.М., во кој беа изнесени наводи за неправилности во постапувањето на полициските службеници при сообраќајна незгода на подрачје на Скопје во која нејзиниот син, како пешак, се здобил со повреди. Во рамки на проверките, извршени се разговори со полициските службеници кои постапувале по настанот, како и со учесниците во сообраќајната незгода. Од извршените проверки е утврдено дека полициските службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје, по пријавата излегле на местото на настанот, ги презеле потребните службени дејствија и веднаш по извршениот увид го известиле надлежниот јавен обвинител. За истото е изготвено писмено известување и доставено до Основното јавно обвинителство Скопје. Во однос на наводите дека другиот учесник во сообраќајната незгода имала влијание врз полициските службеници, утврдено е дека на 03.11.2026 година истата била учесник во друга сообраќајна незгода, во својство на оштетена, при што увидот го вршеле истите полициски службеници. Притоа, таа ги препознала полициските службеници, што можело да создаде впечаток дека имала познанство со нив и влијание врз нивното постапување. Дополнително, Одделот изврши увид и анализа на видеозаписи од безбедносните камери на Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје, како и од камери поставени од правно лице. Од анализата е утврдено дека возачот на предметното возило не го напуштила местото на сообраќајната незгода до пристигнувањето на полициските службеници. По ударот, возилото било поместено од пешачкиот премин во десната сообраќајна лента на улицата „Париска“, а возачот останала на местото на настанот до завршувањето на увидот. По комплетирањето на целокупната документација за настанот, од страна на Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје ќе биде доставена соодветна пријава против Н.Т. до надлежното јавно обвинителство.Тагови: внатрешна контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории: 1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа; 2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан; 3. Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект; 4. Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања. Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на [email protected], или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака - За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците. За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот. Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците. Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории. Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеАлармантни случаи на сексуално насилство врз деца: Психијатрите бараат поголема заштита и разговор13 годишно девојче силувано, возрасни лица пријавени за полови дејствија врз малолетник, осум годишно дете силувано... ова се дел од насловите што скоро секој ден се објавуваат по пријавено сексуално насилство врз дете во полиција. Последниот случај на сомневање на сексуална злоупотреба на малолетник од страна на возрасни луѓе се уште се испитува, но ја продолжува горката тема за сексуалното насилство врз деца. Состојба која загрижува и треба поголема заштита врз децата, апелираат детските психијатри кои секојдневно во нивните ординации имаат деца кои се уште не се свесни за сопствениот идентитетот , а имаат траума од најчесто близок во семејството или злоставувач блиската средина. Од училиште или соседството од злоставувач. Доктор Билјана Гагачовска објаснува дека она што е потребно, се зајакнати мерки во установите, но и разговор со децата да зборуваат во домот и за убавите настани во денот, но и за она што ги повредува и плаши. Психијатарката работи со деца жртви на сексуално насилство, за неа многу е важен начинот на работа, разговорот со детето, а не да се делува со сила детето да заборави, објаснува Гагачовска. Она што е важно во целиот процес е работа и со оној што го направил дејствието напаѓачот, да има серизоно стручна работа со него. Со измените на кривичниот закон највисоката затворска казна за сексуален напад врз дете под 15 години најниска казна е осум години, а за силување со тешки последици или смрт, казната може да биде и доживотна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook