Алармантни случаи на сексуално насилство врз деца: Психијатрите бараат поголема заштита и разговор - Канал 5

Алармантни случаи на сексуално насилство врз деца: Психијатрите бараат поголема заштита и разговор

13 годишно девојче силувано, возрасни лица пријавени за полови дејствија врз малолетник, осум годишно дете силувано... ова се дел од насловите што скоро секој ден се објавуваат по пријавено сексуално насилство врз дете во полиција. 

Алармантни случаи на сексуално насилство врз деца: Психијатрите бараат поголема заштита и разговор

Последниот случај на сомневање на сексуална злоупотреба на малолетник од страна на возрасни луѓе се уште се испитува, но ја продолжува горката тема за сексуалното насилство врз деца. Состојба која загрижува и треба поголема заштита врз децата, апелираат детските психијатри кои секојдневно во нивните ординации имаат деца кои се уште не се свесни за сопствениот идентитетот , а имаат траума од најчесто близок во семејството или злоставувач блиската средина.

Од училиште или соседството од злоставувач.

Доктор Билјана Гагачовска објаснува дека она што е потребно, се зајакнати мерки во установите, но и разговор со децата да зборуваат во домот и за убавите настани во денот, но и за она што ги повредува и плаши. Психијатарката работи со деца жртви на сексуално насилство, за неа многу е важен начинот на работа, разговорот со детето, а не да се делува со сила детето да заборави, објаснува Гагачовска.

Она што е важно во целиот процес е работа и со оној што го направил дејствието напаѓачот, да има серизоно стручна работа со него.

Со измените на кривичниот закон највисоката затворска казна за сексуален напад врз дете под 15 години најниска казна е осум години, а за силување со тешки последици или смрт, казната може да биде и доживотна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одделот за внатрешна контрола изврши проверки по објавените наводи за постапувањето на полицијата при сообраќајна незгода во Скопје

Во рамки на проверките, извршени се разговори со полициските службеници кои постапувале по настанот, како и со учесниците во сообраќајната незгода.

Одделот за внатрешна контрола изврши проверки по објавените наводи за постапувањето на полицијата при сообраќајна незгода во Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде мерки и дејствија по објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук од лицето М.М., во кој беа изнесени наводи за неправилности во постапувањето на полициските службеници при сообраќајна незгода на подрачје на Скопје во која нејзиниот син, како пешак, се здобил со повреди.

Во рамки на проверките, извршени се разговори со полициските службеници кои постапувале по настанот, како и со учесниците во сообраќајната незгода.

Од извршените проверки е утврдено дека полициските службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје, по пријавата излегле на местото на настанот, ги презеле потребните службени дејствија и веднаш по извршениот увид го известиле надлежниот јавен обвинител. За истото е изготвено писмено известување и доставено до Основното јавно обвинителство Скопје.

Во однос на наводите дека другиот учесник во сообраќајната незгода имала влијание врз полициските службеници, утврдено е дека на 03.11.2026 година истата била учесник во друга сообраќајна незгода, во својство на оштетена, при што увидот го вршеле истите полициски службеници. Притоа, таа ги препознала полициските службеници, што можело да создаде впечаток дека имала познанство со нив и влијание врз нивното постапување.

Дополнително, Одделот изврши увид и анализа на видеозаписи од безбедносните камери на Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје, како и од камери поставени од правно лице. Од анализата е утврдено дека возачот на предметното возило не го напуштила местото на сообраќајната незгода до пристигнувањето на полициските службеници. По ударот, возилото било поместено од пешачкиот премин во десната сообраќајна лента на улицата „Париска“, а возачот останала на местото на настанот до завршувањето на увидот.

По комплетирањето на целокупната документација за настанот, од страна на Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје ќе биде доставена соодветна пријава против Н.Т. до надлежното јавно обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд го поништи Колективниот договор за култура

Уставниот суд го поништи Колективниот договор за култура и членот од Законот за култура што се однесува на платите, но одлуката ќе важи од 1 април следната година.

Уставниот суд го поништи Колективниот договор за култура

Како една од причините за поништувањето се посочува отсуството на јасно утврдена методологија за пресметка на платите. Од Судот објаснуваат дека одложениот рок е оставен поради можните последици од непосредното стапување во сила на одлуката. Дотогаш се надеваат дека Сидниактот и Минстерството ќе постигнат согласност за нов Колективен Договор.

„Мнозинството судии оцени дека е потребно да дадеме одложен рок на правниот ефект на нашата одлука...“ – Уставен суд.

На донесувањето на одлуката му претходеше протест на културните работници пред Уставниот суд. Со симболичен погреб и силни пораки до уставните судии, тие побараа да се слушнат нивните аргументи и порачаа дека ова е само почеток на нивната борба.

Наместо да се борат за унапредување на работничките права, вработените во културата велат дека сега се принудени да ги бранат веќе стекнатите. Подготвени се и за порадикални синдикални чекори, вклучително и штрајк.

Колективниот договор за култура е склучен на крајот на 2019 година и опфаќа 123 национални и локални установи. Уставниот суд во април годинава поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост, а денеска со мнозинство гласови за донесе одлуката за укинување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер