3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МакедонијаЈанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знамеНадлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.Денеска (27.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ, СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Тетово, на кој беа разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните мерки во пресрет и за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера. „Полицијата е во служба на сите граѓани и наша обврска е да обезбедиме сигурност, да ги заштитиме нивните права и имотот и да го одржуваме јавниот ред и мир. Ќе постапуваме професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон секое незаконско и насилно однесување“, истакна директорот Јанев. МВР апелира до граѓаните празникот да го одбележат достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите, придонесувајќи за безбедна атмосфера за сите.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВикендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Крушево, Тетово, 9 Крива Паланка, 10 Претор, Зајчев Рид, Скопје Петровец, Охрид, 11 Прилеп, Битола, 12 Велес, Виница, Берово, Струмица, 13 Кавадарци, Штип, 14 Демир Капија, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 18 Охрид, 13 Претор, 7 Крива Паланка, Прилеп, 6 Лазарополе, 5 Велес, Виница, Битола, 4 Попова Шапка, Крушево, Штип, 1 Демир Капија, Тетово, Кавадарци, Зајчев Рид, Берово. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе продолжат и ќе бидат слаби до умерени. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаОд 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории: 1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа; 2. Најубаво новогодишно украсена тераса од стан; 3. Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект; 4. Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања. Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на [email protected], или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака - За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците. За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот. Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците. Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории. Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook