Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја - Канал 5

Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја

По вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, регионалните лидери како и претставниците на ЕУ, со исклучок на Србија, усвоија заедничка декларација.

Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја

Во неа, меѓудругото се наведува дека Преспанскиот договор со Грција како и договорот за за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија мора да се спроведуваат со добра волја.

Сè уште се потребни одлучни понатамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, се вели во декларацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

На пленарна седница во собранието денеска ќе се поставуваат пратенички прашања до премиерот, министрите и другите членови на владата, а претходно спикерот гаши ќе оддржи неформална средба со медиумите.

Пратенички прашања на дневен ред во Собранието

Во законодавно-правната комисија ќе се разгледува предлог законот за изменување и дополнување на законот за семејството. Според предлагачите – група пратници од ЗНАМ, согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна и не се предвидува постапка според која полнолетен посвоеник би можел да оствари пристап до податоците за неговото посвојување.

Со новото законско решение, доколку биде изгласано, би се воспоставил механизам за пристап до податоците под одредени услови и со формирање на стручна комисија која би одлучувала за пристапот.

Воедно, со предложените измени се предвидува можност за пристап до податоци на посвоителите на малолетен посвоеник кога за тоа постојат оправдани медицински причини поврзани со здравјето на посвоеното дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Денеска, во 12 часот, претседателот на Народното собрание на Република Србија, Александар Чупиќ, , во централната сала на домот на народното собрание, ќе ги распише изборите за претседател на Република Србија.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Од денот на распишување на изборите до денот на гласањето не може да поминат помалку од 30, ниту повеќе од 60 дена. Со изборот за претседател на парламентот, чупиќ, во согласност со уставот на Србија, ја презеде должноста вршител на должноста претседател на републиката, откако Александар Вучиќ поднесе оставка од таа позиција на 27 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер