3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
КултураУставниот суд го поништи Колективниот договор за култураУставниот суд го поништи Колективниот договор за култура и членот од Законот за култура што се однесува на платите, но одлуката ќе важи од 1 април следната година. Како една од причините за поништувањето се посочува отсуството на јасно утврдена методологија за пресметка на платите. Од Судот објаснуваат дека одложениот рок е оставен поради можните последици од непосредното стапување во сила на одлуката. Дотогаш се надеваат дека Сидниактот и Минстерството ќе постигнат согласност за нов Колективен Договор. „Мнозинството судии оцени дека е потребно да дадеме одложен рок на правниот ефект на нашата одлука...“ – Уставен суд. На донесувањето на одлуката му претходеше протест на културните работници пред Уставниот суд. Со симболичен погреб и силни пораки до уставните судии, тие побараа да се слушнат нивните аргументи и порачаа дека ова е само почеток на нивната борба. Наместо да се борат за унапредување на работничките права, вработените во културата велат дека сега се принудени да ги бранат веќе стекнатите. Подготвени се и за порадикални синдикални чекори, вклучително и штрајк. Колективниот договор за култура е склучен на крајот на 2019 година и опфаќа 123 национални и локални установи. Уставниот суд во април годинава поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост, а денеска со мнозинство гласови за донесе одлуката за укинување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЗдравјеАлармантни случаи на сексуално насилство врз деца: Психијатрите бараат поголема заштита и разговор13 годишно девојче силувано, возрасни лица пријавени за полови дејствија врз малолетник, осум годишно дете силувано... ова се дел од насловите што скоро секој ден се објавуваат по пријавено сексуално насилство врз дете во полиција. Последниот случај на сомневање на сексуална злоупотреба на малолетник од страна на возрасни луѓе се уште се испитува, но ја продолжува горката тема за сексуалното насилство врз деца. Состојба која загрижува и треба поголема заштита врз децата, апелираат детските психијатри кои секојдневно во нивните ординации имаат деца кои се уште не се свесни за сопствениот идентитетот , а имаат траума од најчесто близок во семејството или злоставувач блиската средина. Од училиште или соседството од злоставувач. Доктор Билјана Гагачовска објаснува дека она што е потребно, се зајакнати мерки во установите, но и разговор со децата да зборуваат во домот и за убавите настани во денот, но и за она што ги повредува и плаши. Психијатарката работи со деца жртви на сексуално насилство, за неа многу е важен начинот на работа, разговорот со детето, а не да се делува со сила детето да заборави, објаснува Гагачовска. Она што е важно во целиот процес е работа и со оној што го направил дејствието напаѓачот, да има серизоно стручна работа со него. Со измените на кривичниот закон највисоката затворска казна за сексуален напад врз дете под 15 години најниска казна е осум години, а за силување со тешки последици или смрт, казната може да биде и доживотна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЗдравјеЗа над 22 отсто е зголемен бројот на случаи со грипИако пикот на грипот не е ни на повидок, периодов и деца и возрасни во редица чекаат за преглед на лекар. Ваква е сликата во ординациите на матичните доктори што во една смена знаат да имаат и над 50 пациенти. Грипот зема замав, а не дека нема и ковид и други вируси, сепак инфлуенцата не е иста како претходно, па сега не трае само десетина дена и симтомите на настинка, без висока температура, но со кашлица и чувство на изнемоштеност траат со недели недели, вели д-р Мира Ататнасова. Грипот е скапа болест за здравствениот систем, а и за џебот на граѓаните бидејќи за лаборатории одобено на приватно, а и за препорачаните суплементи, витамините Д, Ц и Е, се издвојуваат и по неколку илјади денари. Вакцината е клучна, а е и поевтина варијанта, вели д-р Атанасова. Според последниот неделен пресек на Институтот за јавно здравје за една недела регистрирани се 188 случаи на грип и заболувања слични на него, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани. Од почетокот на сезоната има околу 800 заболени, што е за 20,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата сезона, кога биле евидентирани 662 случаи. Најефикасна превенција е вакцината, а досега има голема заинтересираност бидејќи над 80.300 граѓани се пријавиле за се имунизираат, од нив вакцинирани се над 36.000, а закажан термин има за околу 56600, или отприлика исто толку колку што во моментов има достапни вакцини. Засега не се знае кога ќе пристигне последната пратка со која според здравствените власти треба да се задоволат потребите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39