„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
2„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МакедонијаЦрн петок: Како да препознаете вистински попуст и да избегнете замки?Најпознатиот шопинг ден традиционално ги полни трговските центри, чии излози се преплавени со етикети со големи проценти на попуст. „Black Friday“ е денот кога купувачите ловат поволни цени, а трговците очекуваат зголемен промет. Но секоја година постои и дилемата колку овие намалувања се реални, а колку се само маркетинг стратегија? Граѓаните кои ги анкетиравме се со поделени мислења. Дел сметаат дека трговците претходно ги зголемуваат цените, а потоа ги намалуваат за време на шопинг-деновите, други пак сметаат дека може да се најдат поволни зделки. За да се спречат манипулации, на терен се и инспекторите. Од ДПИ најавија засилени контроли, а околу 40 инспекциски тимови низ државата ќе ги следат трговците и ќе проверуваат дали намалувањата се законски и реални. Од таму потсетуваат дека трговците мора да ја прикажат најниската цена по која производот се продавал во претходните 30 дена. - На овој ден, пред да ги потрошите вашите заштедени пари, уверете се дали попустите се навистина реални, со оглед на тоа што и од Организацијата на потрошувачи предупредуваат за можни манипулации со цените. Неретко шопингот по пониски цени знае да наликува и на стампедо, па наместо со задоволни купувачи да заврши со инциденти и материјална штета. Ваков случај годинава во Австралија стана вирален на социјалните мрежи, каде што попуст од 50% претвори продавница за спорстка облека во бојно поле на купувачите. Годинава наместо за агресивни продални кампањи, неколку светски познати брендови се одлучија за поинаков пристап. Дел од нив дооштија дека нема да организираат попусти во своите онлајн и физички продавници, со образложение дека намалувањата ја наушуваат вредноста на производите и создаваат навика кај купувачите да чекаат само на попусти. Дел од компаниите пак го истакнуваат и етичкиот момент, предупредувајки дека ваквите попусти поттикнуваат прекумерна потрошувачка и купување на производи што реално не им се потребни на потрошувачите. Тагови: Црниот петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУставниот суд го поништи Колективниот договор за култураУставниот суд го поништи Колективниот договор за култура и членот од Законот за култура што се однесува на платите, но одлуката ќе важи од 1 април следната година. Како една од причините за поништувањето се посочува отсуството на јасно утврдена методологија за пресметка на платите. Од Судот објаснуваат дека одложениот рок е оставен поради можните последици од непосредното стапување во сила на одлуката. Дотогаш се надеваат дека Сидниактот и Минстерството ќе постигнат согласност за нов Колективен Договор. „Мнозинството судии оцени дека е потребно да дадеме одложен рок на правниот ефект на нашата одлука...“ – Уставен суд. На донесувањето на одлуката му претходеше протест на културните работници пред Уставниот суд. Со симболичен погреб и силни пораки до уставните судии, тие побараа да се слушнат нивните аргументи и порачаа дека ова е само почеток на нивната борба. Наместо да се борат за унапредување на работничките права, вработените во културата велат дека сега се принудени да ги бранат веќе стекнатите. Подготвени се и за порадикални синдикални чекори, вклучително и штрајк. Колективниот договор за култура е склучен на крајот на 2019 година и опфаќа 123 национални и локални установи. Уставниот суд во април годинава поведе постапка за оценување на неговата уставност и законитост, а денеска со мнозинство гласови за донесе одлуката за укинување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗа над 22 отсто е зголемен бројот на случаи со грипИако пикот на грипот не е ни на повидок, периодов и деца и возрасни во редица чекаат за преглед на лекар. Ваква е сликата во ординациите на матичните доктори што во една смена знаат да имаат и над 50 пациенти. Грипот зема замав, а не дека нема и ковид и други вируси, сепак инфлуенцата не е иста како претходно, па сега не трае само десетина дена и симтомите на настинка, без висока температура, но со кашлица и чувство на изнемоштеност траат со недели недели, вели д-р Мира Ататнасова. Грипот е скапа болест за здравствениот систем, а и за џебот на граѓаните бидејќи за лаборатории одобено на приватно, а и за препорачаните суплементи, витамините Д, Ц и Е, се издвојуваат и по неколку илјади денари. Вакцината е клучна, а е и поевтина варијанта, вели д-р Атанасова. Според последниот неделен пресек на Институтот за јавно здравје за една недела регистрирани се 188 случаи на грип и заболувања слични на него, што е двојно повеќе во споредба со истиот период лани. Од почетокот на сезоната има околу 800 заболени, што е за 20,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата сезона, кога биле евидентирани 662 случаи. Најефикасна превенција е вакцината, а досега има голема заинтересираност бидејќи над 80.300 граѓани се пријавиле за се имунизираат, од нив вакцинирани се над 36.000, а закажан термин има за околу 56600, или отприлика исто толку колку што во моментов има достапни вакцини. Засега не се знае кога ќе пристигне последната пратка со која според здравствените власти треба да се задоволат потребите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39