3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МетеоВикендов врнежи од дожд, на планините снег со температури од 2 до 12 степени Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 7 Лазарополе, 8 Крушево, Тетово, 9 Крива Паланка, 10 Претор, Зајчев Рид, Скопје Петровец, Охрид, 11 Прилеп, Битола, 12 Велес, Виница, Берово, Струмица, 13 Кавадарци, Штип, 14 Демир Капија, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 18 Охрид, 13 Претор, 7 Крива Паланка, Прилеп, 6 Лазарополе, 5 Велес, Виница, Битола, 4 Попова Шапка, Крушево, Штип, 1 Демир Капија, Тетово, Кавадарци, Зајчев Рид, Берово. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе продолжат и ќе бидат слаби до умерени. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЕвропаМаж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желкиМинатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки. Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек. Желки завиткани во селотејп Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни. Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.Тагови: желки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев: Полицијата е подготвена за безбедно и мирно одбележување на Денот на албанското знамеНадлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера.Денеска (27.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржа работен состанок со раководителите на организациските единици во БЈБ, СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Тетово, на кој беа разгледани досегашните сознанија, преземените активности и планираните мерки во пресрет и за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Надлежните организациски единици имаат изготвено соодветни планови и преземаат мерки за празничното одбележување на повеќе локации низ државата да помине во мирна, безбедна и достоинствена атмосфера. „Полицијата е во служба на сите граѓани и наша обврска е да обезбедиме сигурност, да ги заштитиме нивните права и имотот и да го одржуваме јавниот ред и мир. Ќе постапуваме професионално, одговорно и непристрасно, со нулта толеранција кон секое незаконско и насилно однесување“, истакна директорот Јанев. МВР апелира до граѓаните празникот да го одбележат достоинствено, со меѓусебна почит и почитување на законите, придонесувајќи за безбедна атмосфера за сите.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter