МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
1Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода
2МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
МакедонијаПо еден учебник за двајца ученициЕден учебник да користат двајца ученици кои се соседи или живеат блиску.Вакво решение им било понудено на ученици од основното училиште „Братство Миѓени" во Тетово поради недостиг на книги, информираат нивните родители. -Веќе неколку години по ред се повторува недостигот на книги. Децата имаат нови учебници по математика и природните науки. Учебниците по македонски, општество, физичко, музичко и техничко образование, се стари. Но, се случува и старите учебници да ги нема за сите ученици, па еден учебник користат двајца ученици, објаснуваат родителите. Во општинскиот сектор за јавни дејности велат дека разни учебници недостигаат во повеќе училишта и на различни наставни јазици, но дека проблемот е од технички карактер. -Секоја година имаме проблем со учебниците, односно со доцнење на нивната достава. Идеално сите учебници треба да бидат донесени до училиштата до 31 август, но не е така. Ние навремено сме ги се известиле во Педагошки завод од каде училиштата добиваат учебници. Доставени им се информации кои учебници недостасуваат, но сепак сознанијата се дека се уште фалат и се очекуваат да пристигнат во секој момент, изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот. Според проценките на надлежните, до крајот на септември сите ученици ќе ги имаат потребните учебници./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАргентинец потпиша за Тотенхем Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни. „Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем. Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
АвтомобилизамВидеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во ГерманијаПо исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше пред инцидентот. Работевме ден и ноќ за да го приспособиме и подготвиме колку што е можно подобро за настапот во Германија, споделува Иџе. Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за настап. Тоа е првата и најголема битка што треба да ја добиеме пред воопшто да застанеме на стартот, додава Стефановски. Се надевам дека се’ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот, смета Стефановски. Веднаш по завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици. „Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се гледа вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд нема да биде лесен, но ќе дадеме максимум за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“ Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела ВодаДенеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода, по тој повод, општината организира целодневна програма под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. Како што информираат од општината посетителите во текот на денот ќе имаат можност да присуствуваат на спортски и забавни активности, да се сретнат со македонски спортисти, репрезентативци и ракометарите на РК Вардар, како и да се запознаат со новите содржини на салата на настанот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter