МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
1МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
МакедонијаМНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отстоЦентарот за граѓански комуникации во своето истражување утврди неправилности од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за изборот на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани.Центарот за граѓански комуникации во своето истражување утврди неправилности од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за изборот на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани за време на воените операции на Блискиот Исток во март, по почетокот на војната на САД и Израел со Иран. Според анализата евакуациските летови од Дубаи и Ријад во март 2026 се платени авансно пред летовите, наеднаш во 3 транши во износ од еден милион евра, што е спротивно на законот за јавни набавки кој предвидува дека максималниот износ на авансот може да изнесува до 20% од вредноста на договорот. Авансните плаќања не биле обезбедени со банкарска гаранција како што предвидува законот и не биле однапред предвидени во тендерската документација. За евакуација на македонските државјани од воениот регион, министерството на 4 март ,по работното време до 9 фирми испраќа барање да достават понуда следното утро до 11:00 часот. Произлегува дека фирмите требало да достават понуда за помалку од едно деноноќие. Испратени се понуди до 9 економски оператори, на нивните општи контакт-адреси. Не се јасни критериумите врз основа на кои мнр ги избрало токму овие девет фирми, со оглед на тоа што ниту една од нив нема тековен договор за обезбедување авионски услуги со некоја државна институција.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЧакал касна жена во Романија; мештаните ја спасијаЧакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош. Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24. Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни раСоопштение МВР Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција. Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година. Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза. По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата. Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДС глуми загриженост за земјоделцитеЛицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. РЕАКЦИЈА НА СДС Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека Зоран Заев заедно со Венко Филипче ужива на милионската јахта на егејското море. Следниот пат кога ќе испраќа СДС барање за откупот на пиперката нека ги насочи кон најголемиот откупувач Мамас Ајвар и Зоран Заев. Прашањето кое е непознато од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини? Едно е сигурно, СДС Заев и Филипче ја мразат Македонија и тажат за секој нејзин успех. Тоа е талогот кој сака да ја убие секоја надеж. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18