Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ФудбалАрбелоа во Премиер лигата? Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Алваро Арбелоа, е еден од кандидатите за менаџерската позиција во Фулам по заминувањето на Марко Силва.Според „Атлетик“, челниците на лондонскиот клуб воделе разговори со Арбело, кој е меѓу фаворитите за преземање на тимот од „Крејвен Котиџ“. Фулам во моментов нема трајно решение на клупата, бидејќи Силва го напушти клубот по пет години за да се приклучи на Бенфика. На почетокот на годината, Арбелоа привремено го презеде првиот тим на Реал Мадрид по заминувањето на Чаби Алонсо. Поранешниот тренер на резервниот тим на мадридскиот клуб го водеше Реал во еден тежок период, но резултатите не беа на очекуваното ниво. Неговото деби на клупата на „кралскиот клуб“ беше обележано со елиминацијата од Албасете во Кралскиот куп, додека во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Реал го запре Баерн Минхен со вкупен резултат од 6:4. Мадридскиот тим ја заврши сезоната во Примера на второто место, осум бода зад шампионот Барселона. И покрај ова, Арбелоа би можел да добие можност за прв пат трајно да води клуб од едно од најсилните европски првенства. Дополнителна предност е фактот што добро го познава англискиот фудбал, бидејќи во текот на својата играчка кариера играл за Ливерпул и Вест Хем во Премиер лигата. Според британските медиуми, преговорите меѓу Фулам и Арбелоа се во тек, а договорот наводно е блиску до реализација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКратко и интензивно невреме во Скопје – предизвикана материјална штетаКратко, но многу интезивно невреме го зафати Скопје попладнево.За само 10 минути направи вистински хаос, а предизвика и материјална штета. Одиме со слика во Карпош, таму е Михајло Видимлиски.. Михајло како е на терен? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСе враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз Електричниот мал Смарт #2 моментално е во процес на обемна глобална програма за тестирање пред неговата светска премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година. Возилото е тестирано на пат во црно-бела камуфлажа, а тестовите вклучуваат агилност, стабилност, безбедност и нивоа на бучава и вибрации во кабината. Тешки услови на патот Инженерите го подложија возилото на тешки урбани сценарија, од ненадејни пречки и итни промени на лентите до лизгави влажни патишта. Суспензијата, управувањето и цврстината на шасијата постојано се подобруваат, така што автомобилот останува послушен и агилен во секојдневното градско возење. Посебно внимание се посветува на тишината во кабината. Тестовите се спроведени во аеродинамичен тунел, акустична комора и на јавни патишта, со цел да се намали бучавата од ветерот, погонскиот склоп и површината. Различни видови гуми беа тестирани и со цел да се пронајде оптималниот сооднос помеѓу опсегот и нивото на бучава. Дизајн и безбедност Смарт #2 наследува препознатлив дизајн со тркала лоцирани на самите рабови на каросеријата, што обезбедува исклучителна агилност во тесни урбани простори. Новата генерација на познатата безбедносна ќелија tridion одржува компактни димензии со високо ниво на заштита на патниците. Официјалната светска премиера на моделот smart #2 се очекува на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година.Тагови: Смарт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДемократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанијаДемократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на: 1. Водата што се користи за наводнување, 2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и 3. Почвата. Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување. Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри. Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции. Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook