АвтомобилизамВидеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во ГерманијаПо исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше пред инцидентот. Работевме ден и ноќ за да го приспособиме и подготвиме колку што е можно подобро за настапот во Германија, споделува Иџе. Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за настап. Тоа е првата и најголема битка што треба да ја добиеме пред воопшто да застанеме на стартот, додава Стефановски. Се надевам дека се’ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот, смета Стефановски. Веднаш по завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици. „Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се гледа вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд нема да биде лесен, но ќе дадеме максимум за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“ Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook