Аргентинец потпиша за Тотенхем - Канал 5

Аргентинец потпиша за Тотенхем

 Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.

Аргентинец потпиша за Тотенхем

Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни.

„Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем.

Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот.

-Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации.

-Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќ

Цената на нафтата на светските берзи веќе втора недела бележи раст откако САД и Иран го обновија конфликтот што во прашање го доведува поморскиот сообраќај и снабдувањето со нафта низ Ормускиот теснец. 

Тензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќ

Денеска нафтата од типот Брент достигнува и до 90 долари за барел, додека дел од светските економски аналитичари предупредуваат дека доколку двете страни не се вратат на преговарачка маса и воените дејствија продолжат во следните две недели светот би можел да се соочи со цени и над 100 долари за барел, а веќе во септември стравуваат од евентуален можен недостиг на деривати.

Првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика оценува дека по последната ексалација пазарите се нервозни а дел од земјите веќе превземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.

„Пазарите се нервозни, без разлика дали наскоро ќе има или не трајно решение за проблемот. А во исто време многу земји преземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.“ - Фатих Бирол – директор на Меѓународна агенција за енергетика.

Растот на цените на светски берзи влијаеше и на цените на дериватите во земјава. За да се ублажи ценовниот удар врз џебот на граѓаните вчера владата ја намали акцизата кај дизелот за 2 и бенизините за 1 денар по литар.

По завршувањето на вонредната, регулаторна ги обајви и новите цени по кои се отчат горивата од полноќ, бенизните поскапеа за 3 а дизелот за 6 денари по литар.

„ Со Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата се овозможува да се применат намалени износи на акцизите. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88%.“ – стои во образложението на - РКЕ.

Од регулаторна повторуваат и дека ова се максимални цени, а трговците велат можат да ги продаваат дериватите и по пониски цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саповирус и астровирус што се пренесуваат по фекално-орален пат потврдени кај пациенти од Гостивар

Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје.

Саповирус и астровирус што се пренесуваат по фекално-орален пат потврдени кај пациенти од Гостивар

Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје, тие се во стабилна здравствена состојба, но засега остануваат во болница. Она што со анализи е потврдено на Инфективна е конзистентно со фекална контаминација на водата, иако не е доволен доказ дека тоа е единствениот извор на зараза бидејќи за да се тврди ова потребна е голема епидемиолошка истрага и лабораториски анализи на многу пациенти, вели за Канал 5 Д-р Фадил Цана, Директор на Клиниката за инфективни болести.

Не се исклучува можноста и по еден месец да има наплив на пациенти со посериозни зарази, вели Д-р Цана, но засега најголем дел од заразените немаат сериозна клиничка слика и вообичаените стомачни тегоби траат само неколку дена. Сепак, советот е ако по 48 часа нема подобрување, задолжително да се посети лекар.

За една недела над 3000 луѓе побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, а според Институтот за јавно здравје, во Гостивар нема семејство во кое нема барем еден со симптоми.

Епидемиолози се обидуваат да стигнат до податоци од нулта заразениот, или првиот, до последните преку јавувања и разговори со голем дел од граѓаните кои пријавиле симптоми, а властите апелираат граѓаните да одговораат на прашањата од епидемиолошката анкета.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер