Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода - Канал 5

Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода

Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода

Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода, по тој повод, општината организира целодневна програма под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“.

Како што информираат од општината посетителите во текот на денот ќе имаат можност да присуствуваат на спортски и забавни активности, да се сретнат со македонски спортисти, репрезентативци и ракометарите на РК Вардар, како и да се запознаат со новите содржини на салата на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати на местото на Стоиљковиќ – кои ќе бидат новите министри од ВРЕДИ?

Од Вреди ги потврдија новите имиња кои треба да седнат на „Илинденска“ бр. 2.

Ферати на местото на Стоиљковиќ – кои ќе бидат новите министри од ВРЕДИ?

Јетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура, Агон Ферати, во односи меѓу заедниците. Од Вреди ги потврдија новите имиња кои треба да седнат на „Илинденска“ бр. 2., но останува дилема зошто за разлика од ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ од Вреди изостана прес- конференција на која ќе ги официјализираат предлозите. Според извори на Канал 5 во Вреди се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Во игра покрај Ферати, според партиските извори, се уште неколку имиња за овој ресор, а до вечер се очекува да има конечна одлука.

Сепак премиерот Мицкоски денеска потврди дека ги добил персоналните решенија од коалициските партнери за министерствата со кои ќе раководат во реконструираниот владин кабинет и кажа дека за него се прифатливи.

- Да, ги имам предлозите и за новите министри од Влен и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам, еве, тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата. Да, имаат и за односи меѓу заедниците, и за правда и закултура, изјави Мицкоски.

Вреди по реконструкцијата на Владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат секторите животна средина со Мухамет Хоџа и Бесар Дурмиши за економија и труд.

Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Мицкоски синоќа ги објави предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски го презема местото на Азир Алиу во министерството за здравство, а за нов директор во ФЗО е именуван Златко Перински, кој досега беше министер за локална самоуправа. Тој ресор ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

Актуелниот заменик министер Ѓоко Велковски го наследува Фатмир Лимани во министерството за социјална политика. Дополнително, Ерџан Демир ќе биде министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, а свое учество во власта ќе земе и Демократската партија на Турците.

Кадар на ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски. Горан Минчев останува на чело на Министерството за јавна администрација. Тој денеска кажа дека се задоволни од реконструкцијата

За лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реконструкцијата на Владата нема да донесе ништо ново за граѓаните и државата.

Премиерот Мицкоски најави дека предлог-составот на новиот владин кабинет ќе биде доставен до Собранието до петок, заедно со биографиите на новите министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на врсничко насилство: Повеќе девојчиња малтретираат друго девојче, присутните само снимаат

Нов случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста.

Нов случај на врсничко насилство: Повеќе девојчиња малтретираат друго девојче, присутните само снимаат

Нов случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста. На видеото кое кружи по социјалните мрежи, може да се забележи како група од околу 20тина малолетни деца, не само што се неми набљудувачи, туку воедно снимаат и охрабруваат две насилнички да се изживуваат врз своја врсничка.

„Ќутете да слушнеме како пука“ – „уште еднаш“ - „со бокс“ – се слуша меѓу насобраната група малолетници додека едно од девјчињата го држи за коса, а другото му удира шлаканици на беспомошното девојче. На снимката се гледа и дека девојчето жртва е приморано да клечи на колена и јавно да се извинува за навреди кои наводно ги кажала за една од насилничките.

За социјалозите последниот настан, кој според објавите се случил во скопски Аеродром, е само уште една потврда за недостатокот на емпатија и чувството кај дел од младите да се поттикнува, наместо да се превенира насилство. Универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова за Канал 5 вели не треба само декларативно да зборуваме туку и во пракса како држава да делуваме. Според неа потребна е целосна ресоцијализација не само на жртвите, туку и на насилниците.

„Мора да се работи и родителите да бидат по надзор. Она што е прво тука се центрите за социјални грижи и сите оние кои се задолжени за тој апекст да се работи на ресоцијализација, да се работи на проблемот, на вредноста на иградба. Изградба на центри каде што ќе може да се самите насилници да се одведат за да може да се работи на нивна ресоцијализација. Една е казната од апсект парична казна но на крајот ние имаме можност и за одземање на родителско право... “- изјава Татјана Стојаноска Иванова – социолог.

Од МВР за Канал 5 велат дека засега по случајот кај нив нема пријава, но се превземаат мерки по допрен глас.

„Се превземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот.“--МВР.

Инаку според податоците на МВР претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта. Надлежните пред половина месец започнаа обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство за правовремено да им се помогне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик

И дефинитивно пропадна обидот за нов Изборен законик - на меѓупартиските преговори во Собранието за СДСМ и Левица остана спорно електронското гласање на дијаспората .

Власта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик

И дефинитивно пропадна обидот за нов Изборен законик - на меѓупартиските преговори во Собранието за СДСМ и Левица остана спорно електронското гласање на дијаспората и затоа ќе го блокираат предлогот со илјадници амандмани. Со овој епилог, значи дека и покрај повеќемесечната подготовка на измените во работната група во министерството за правда, следните избори ќе се одржат по старите правила.

Премиерот Мицкоски пак претходно изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде бланко поддршка на секој предлог кој ќе го дадат опозициските партии за Изборниот законик, ако за возврат дадат зелено светло за електронско гласање на дијаспората. Обвини за политичко лицемерие и ги отфрли тезите дека со ова барање сака да ги олесни условите за избор на претседател. Од друга страна лидерот на СДСМ Венко Филипче се сомнева во намерите на власта и смета дека целта е да се отвори пат за изборни нерегуларности.

И покрај тоа што е познат исходот, Изборниот законик се најде на седница во Комисијата за политички систем. Според најавите, се очекуваат околу 10 илјади амандмани од СДСМ и околу 3000 од Левица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер