ОЈО Скопје: Автобусот на Дурмо Турс не бил технички прегледан според предвидените процедури

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури.

Овој став на денешното рочиште за предметот „Ласкарци", го изнесе обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека автобусот на 2 јули 2018 влегува во техничкиот преглед во 14:16 минути и излегува во 14:18 минути.

– При технички преглед на овој автобус може да се види дека нема ниту еден контролор во работниот канал. Исто така може да се види дека автобусот не подлежи на системот на тресење која е една методологија која се применува кај останатите возила. За илустрација може да се види техничкиот преглед на едно патничко возило „Пежо". Во овој случај се гледа како контролорот влегува во работниот канал со батерија. Воедно оваа возило се тестира и на системот за тресење, истакна обвинителот Јакимовски.

Одбраната на обвинитетите негодуваше на овој материјален доказ на обвинителство, и истиот го оцени како ирелевантен.

Свој коментар на овој доказ даде и обвинетиот Боваровски, кој се гледа на видео материјалот како се движи околу автобусот. Тој истакана дека во овој случај станува збор за вонреден техники преглед на возило наменето за јавен транспорт и истиот престанал да важи кога се реализира редовниот техничи преглед за регистрација (18 декември 2018 година).

– Техничкиот преглед почнува од 14:12 минути. На снимката може да се види како вршам контрола на стаклата, пневматиците и каросериајта на автобусот. Исто така во еден случај се качувам во автобусот и вршам контрола на копитот. Од кога во внесов возилото во компјутер јас влегувам и во каналот од каде се гледа целото подвожје на автобусот. Гледав да не имаа откачени кабли и констатирав дека нема. На крај автобусот поминува на нагазна плоча за мерење на кочниците. Прво беше мерена предна кончница. Децидно тврдам дека имаше и мерење на рачна кочница, па после и на ножната кочница, исткана обвинетито Боваровски.

Следното рочиште за случајот „Ласкарци", e закажано на 14 мај.

Во предметот се обвинети шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс", Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот.

Во големата сообраќајна несреќа загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени. /МИА

Град им нудел милиони на луѓе за да се доселат, но имало бизарен услов- никој не се јавил

Градот Каинан во јапонската префектура Вакајама смислил необичен план за привлекување жители, а понудата вклучувала и финансиска помош за новодојдените.

Стратегијата била дизајнирана за 2021 година, но за кандидатите имало услов - тие да го носат презимето Сузуки.

Како „родно место“ на Сузуки, било одлучено да се игра на таа карта, а посебно се мислело на 750.000 граѓани кои го носат тоа презиме и живеат во Токио и соседните префектури (Чиба, Саитама и Канагава).

Најавено е дека секое семејство што ќе се пресели ќе добие по 1 милион јени (6.300 евра), како и исто толку за секое дете под 18 години, пренесува The Guardian.

Меѓутоа, две години по започнувањето на кампањата, објавени се поразителни резултати.

„Потврдувам дека никој со презиме Сузуки не се преселил во Кајнан. Едно лице се распраша, но не отиде подалеку од тоа“, откри Томонари Фуџита, шеф на канцеларијата за развој.

Покрај паричната стимулација, на луѓето очигледно не им делувал и слоганот дека со преселбата „ќе се поврзат повторно со своите предци“.

Забележано е дека кланот Сузуки се преселил во денешен Кајнан за време на периодот Хејан (794-1185).

„Гледаме сериозен пад на бројот на жители. Мислевме дека со кампањата ќе привлечеме луѓе со презимето Сузуки, но се чини дека имало и други пречки“, изјави Фуџита.

Официјалните лица се надеваат дека новиот хотел, чија изградба ќе биде завршена во 2024 година, ќе ги инспирира граѓаните со презимето Сузуки да дојдат и да се поврзат со местото на нивното потекло.

Наредните два месеца во Грција ќе се игра фудбал пред празни трибини

До 12 февруари 2024 година, на навивачите ќе им биде забранет влез во натпреварите од фудбалската Суперлига во Грција.

Ова го соопшти портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис.

Ова е конкретен чекор во борбата против хулиганите, кои со децении вршат насилство на трибините.

Последниот инцидент беше виден во четвртокот кога полицаец беше тешко повреден за време на нередите на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Во таа прилика полесно се повредени десетици полицајци, а уапсени се најмалку 400 хулигани.

Оваа одлука важи и за европските натпревари, па ТСЦ во четврток ќе игра против Олимпијакос без присуство на публика.

Израелците со падобрани им доставуваат вода на своите војници во Газа (ВИДЕО)

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција.

Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат, објави Телеграф.

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобрани и со употреба на прецизна навигациска технологија “, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, додава тој.

притисни ентер