ЗабаваСекс симболот Памела Андерсон се пофали со својата градина во Канада (ВИДЕО)Нејзиното име со децении е синоним за холивудски гламур, насловни страници на списанија и сцени во црвен костим за капење на плажите во Малибу. Денес, Памела Андерсон живее во многу помирна реалност. Познатата актерка го замени гламурот на Лос Анџелес со природата на Канада и најде дом на семејниот имот Аркади на островот Ванкувер. Поглед во нејзината зелена оаза Памела Андерсон неодамна сподели редок, интимен поглед во својата градина со милиони следбеници на социјалните мрежи. Со едноставниот опис „Добро утро од градината“, таа ги одведе гледачите низ бујна зелена оаза што покажува дека нејзиното враќање кон природата не е минлив тренд, туку вистински начин на живот. Лавината од позитивни коментари под објавата потврдува дека публиката го цени таков начин на живот. @sonsieskin good morning from our garden fairy 🧚🏼♂️ #pamelaanderson #garden #cleanskincare ♬ original sound - sonsie Враќање кон семејното наследство Во 2020 година, актерката се врати на имотот на нејзините баба и дедо за целосно да го реставрира. Местото, кое го носи името Аркади како знак на тивко, рустично повлекување, е распослано на седум хектари покрај брегот на океанот. Нејзиниот дом е опкружен со стари дождовни шуми и дива природа, а градината е комбинација од романтична естетика и практичност. „Сè започна кога сфатив дека едноставно можам да јадам капини од грмушка или да наберам јаболко од дрво во градината. Тоа беше еден од тие моменти на просветлување, сфаќањето дека храната доаѓа од земјата. Тогаш сфатив дека можам да имам своја градина. Некаде на почетокот на пандемијата, замислував дека ќе имам неверојатна градина, почнав да учам многу за неа и си помислив: „Ова е животот што го сакам“, објасни ѕвездата на „Спасувачка служба“. Градината како одраз на филозофијата на животот Оваа „дива, мистична и романтична“ естетика, како што самата ја опиша, се вклопува во нејзината нова животна филозофија. За неа, работата со растенија стана начин за негување на внатрешна рамнотежа. „Кога ќе ги извалкате рацете, кога сте боси во градината - тоа ве поврзува повторно со тоа што сте. Се пронајдов себеси повторно“, вели Памела. View this post on Instagram A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson) Нејзината градина не е беспрекорно уреден тревник, туку шарен екосистем во кој може да се почувствува љубовта кон земјата. Во градинарството, таа не се придржува до строго пропишани правила, туку им додава доза на сопствена опуштеност. Од рози до домашен зеленчук Трансформацијата од секс симбол на деведесеттите години во жена која оди боса до океанот, не носи шминка и јаде она што самата го одгледува привлече големо внимание. Посебно место во нејзината градина им припаѓа на прекрасните рози од сортата Ив Пијаже, како и калинките, кои ги бере за да направи домашни масла за лице. View this post on Instagram A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson) Покрај козметиката, градината ѝ носи и кулинарско задоволство. Памела одгледува стари сорти домати, кои ги смета за совршена храна. „Сè што расте во оваа градина е инспирација за мојот живот“, вели актерката.Тагови: Памела Андерсон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook