МакедонијаДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе Речиси 200 паднати дрвја, 117 оштети возила, 35 оштетени покриви и 5 пожари остави зад себе невремето проследено со силен ветер и дожд што вчера го зафати Скопје. Екипите на надлежните институции и денеска се на терен, се отстрануваат паднати дрвја и гранки, вели за Канал 5 градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Се расчистуваат сообраќајниците а се интервенира на сите критични локации каде што силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа штети. -Овозможен пристап по сите булевари како и централното градско подрачје и покрај тоа што имаше сериозно оштетување на неколку стотици дрвја, имаше кровови и кровни конструкции летнати од зградите кои за брзо време беа дислоцирани од коловозите. На некои позиции каде беше неминовно имаше оштетување на возила, најпрвин се чекаше и се уште се чека МВР да направи официјални записници после кои веднаш во комуникација сме со граѓаните и со СВР Скопје ќе постапиме ние со помош и расчистување на тој дел,- изјави – Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје. Оштетувања има и на државни објекти како министерства, обвинителства и комплексот „Вили Водно“. Проблеми беа регистрирани и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде поради протекување на покривот инало прекин на авиосообраќајот. Над 30 лица побарале лекарска помош кои се здобиле со скршеници од невремето. Само во градската болница Св. Наум Охридски се примени над 20 лица а двајца се задржани. -Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување,- изјави– Небојша Настов – Директор на „Св. Наум Охридски”. На Ургентен се примени 11 лица, тројца од нив со посериозни скршеници. Штети има и кај здравствените установи, вели министерот за здравство Сашо Клековски. -На ТОАРИЛУЦ се примени 11 повредени лица по вчерашното невреме од кои тројца се со посериозни скршеници и се третираат соодветно на клиниката. Ги следиме штетите на здравствените установи, има паднати дрвја и во клиничкиот центар Мајка Тереза без повредени. Во психијатриската болница во Бардовци без повредени таму имаше исто така неколку часа прекин во елтреичната енергија и има значајни штети на кровната конструкција на клиничката болница во Штип. Веќе се отстранети штетите, работат и осигурителните куќи на проценките на штетите,- изјави – Сашо Клековски – Министер за здравство. Поголем проблем за жителите предизвикаа паднатите кровни конструкции на некои од зградите по што градоначалникот Ѓорѓиевски најави инспекции посебно на постарите згради во градот. Премиерот Христијан Мицкоски пак вели дека штетите по невремето ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика. -Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе бидат надоместени од надлежните институции,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Штета е пријавена и во други градови кои беа зафатени од невреме како Куманово, Велес, Тетово, Струмица, каде покрај оштетената електрична инфраструктура, имало и пријави за штети во земјоделството, вклучувајќи оштетени оранжерии и земјоделски култури. На подрачјето на Штип регистрирани се 14 оштетувања на возила и шест оштетени кровни конструкции. Паднати дрвја, оштетени покриви и прекин на струјата е пријавено и во Кочани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook