Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион
1Момче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авион
МакедонијаНова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче ПетровОпштина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров. Со поставувањето на современите фитнес реквизити, учениците и младите добиваат функционален простор за физичка активност, вежбање и рекреација, кој ќе биде од корист и за останатите жители на општината. -Во изминатиот период инвестиравме во нови и реконструирани спортски терени, фитнес и калистеника зони, како и во унапредување на училишната спортска инфраструктура. Нашата цел е спортот да биде достапен за сите, а особено за нашите деца и млади. Оваа инвестиција е уште еден чекор во тој континуитет. Благодарност до Министерството за транспорт и врски за поддршката во реализацијата на проектот - истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Од Општина Ѓорче Петров најавуваат дека инвестициите во спортот продолжуваат и во наредниот период, со реализација на нови проекти во училиштата, населбите и постојните спортско-рекреативни комплекси. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здрави генерации, активни млади и силна заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаМомче од Македонија тешко повредено по пад од тобоган во Турција, ќе биде донесено со владиниот авионМомче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава. Во владиниот авион ќе има и медицински тим кој ќе ја следи состојбата на повредениот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаПопов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДПОд економски пустош, осиромашени граѓани, опљачкани и уништени институции, со посветена работа, чесна намера и домаќинско работење, состојбите во државата почнуваат да се средуваат.Интензивната работа и економските владини политики, проектирани и имплементирани изминатите две години, ги даваат своите резултати, економијата се стабилизираше и веќе почна да се развива, долговите да се намалуваат. Покрај јавниот долг, кој во вториот, споредено со првиот квартал од годинава се намали на 58,8% од БДП, намалување има и кај државниот долг. На месечно ниво имаме намалување и на државниот долг од 0,2% од БДП. Заклучно со 30.06.2026 година државниот долг изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра или 51,7% од БДП, што е намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец. Ова ниво на државен долг, е еден од најниските до сега во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремени ги сервисира. Ваквите економски параметри не се случајни, тие се резултат на економската раздвиженост во државата, домаќинско работење и политики насочени кон подобар живот на граѓаните. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската Влада, се санираше економскиот пустош, со вложување, инвестирање и реализација на капитални проекти. Како резултат на добро планираните мерки и активноси, веќе 7 квартали по ред БДП бележи позитивен раст од 3 или над 3%, а од друга страна, во време на светски ценовни шокови на енергенсите, инфлацијата се држи под контрола и е меѓу најниските од земјите во регионот со 3,4%. Во насока на дополнително стабилизирање на јавните финансии и развој на економијата, со крајна цел подобар животен стандард за македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и одговорни политики. Сергеј Попов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоциклВо сообраќајна несреќа на улица Радишанска загина возач на мотоцикл.-Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот. Во тек е увид, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter