Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter