Насилни протести во Нови Сад, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО) - Канал 5

Насилни протести во Нови Сад, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Локалната власт во главниот град на Војводина, Нови Сад, денеска го усвои новиот Генерален урбанистички план, додека истовремено граѓански активисти се обидоа да го спречат одржувањето на седницата на градското собрание, по што дојде до судир.

Насилни протести во Нови Сад, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Војводинските медиуми јавуваат дека граѓаните поднеле повеќе од 12.000 приговори на Генералниот урбанистички план на Нови Сад, од кои ниту еден не бил усвоен, а на протестот побарале еден од нив да се обрати пред Градското собрание.

Откако демонстрантите се обиделе да ја тргнат оградата околу зградата, обезбедувањето се судрило со околу стотина граѓански активисти, а потешката физичка пресметка беше спречена од полициската интервентна единица. Толпата извикуваше „Крадци, крадци“ и „Нашиот град“, додека поединци фрлаа со боја и димни бомби кон полицијата и обезбедувањето. На видеото се гледа како еден демонстрант фрла кон полицијата интервентен полициски штит.

YouTube video

Новосадските медиуми јавуваат дека се приведени неколку лица.

Нередите пред зградата не ја попречија седницата на Градското собрание на која мнозинството советници гласаа за донесување на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Нови Сад до 2030 година.

ГУП-от го усвоила актуелната влада, предводена од владејачката Српска напредна партија (СНС) со коалиционите партнери, а против беа советниците од Српската радикална партија и Демократската партија на Србија, објави порталот 021.rs.

YouTube video

Оттаму додаваат дека најспорниот дел од ГУП-от е оној кој се однесува на изградбата на „Нови Сад на вода“ кој би опустошил природни оази и зелени површини. Порталот 021.rs наведува дека новата влада планира да дозволи изградба на десетина згради, вклучувајќи ги и оние со 20 ката, на просторот на Бродоградилиштето.

YouTube video

Весникот Данас додава дека граѓани и активисти собрани во повеќе организации со месеци протестираат поради донесувањето на тој документ бидејќи тврдат дека е скроен за да им одговара на инвеститорите, нагласувајќи дека тоа води до уништување на градот. Протестот кој следеше по седницата на Градското собрание заврши, а демонстрантите се разотидоа по донесувањето на ГУП-от.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом.

76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров

Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје.

Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба.

Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските.

На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам.

Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага.

-Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата.

Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер