И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
1И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЗабаваНајголемите договори во историјата на спортот: Стотици милиони потрошени за најголемите ѕвездиФранцускиот фудбалски виртуоз Килијан Мбапе би можел да стане најплатениот спортист во историјата. Имено, на асот на ПСЖ му биле понудени неверојатни 700 милиони евра годишно за транфер од Париз во редовите на саудиски Ал Хилал. Ова се трите најскапо платени светски спортски ѕвезди. 1) Лионел Меси - Барселона (670 милиони долари) Аргентинскиот фудбалски волшебник Лионел Меси (Меси) помина многу години во Барселона, станувајќи синоним за успехот на клубот. Во 2017 година, тој потпиша четиригодишен договор вреден повеќе од 670 милиони долари, вклучувајќи бонуси и разни стимулации. Договорот на Меси е доказ за неговиот огромен талент и маркетиншка моќ, што го направи еден од најплатените спортисти во светот за време на неговиот престој во Барселона. 2) Кристијано Роналдо - Ал Наср (536 милиони долари) Кристијано Роналдо ги доби сите насловни сраници во светските медиуми кога го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша договор со Ал Наср од Саудиска Арабија со што засекогаш го промени начинот на кој функционира светот на фудбалот. Тој потпиша 2 ипол годишен договор вреден 536 милиони долари. Португалецот беше првата ѕвезда која ја напушти Европа и се упати кон Саудиска Арабија, а од летово по неговите стапки тргнаа и ѕвездите како Карим Бензема, Нголо Канте (Н'голо) и други. 3) Патрик Махомес - Канзас Сити Чифс (503 милиони долари) Бекот на Канзас Сити Чифс, Патрик Махомес, ги промени финансиските правила на НФЛ кога потпиша историско 10-годишно продолжување на договорот во вредност од 503 милиони долари во јули 2020 година. Договорот беше првиот договор од половина милијарда долари во историјата на американскиот фудбал..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИ Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрииПад од 5,9 отсто во производството и 7,8 отсто помалку работници се сериозен сигнал дека на македонското рударство му се потребни нови инвестиции, модернизација и јасна развојна политика.На македонското рударство не му треба само статистика – му треба нов развоен циклус. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година производството во секторот „Рударство и вадење камен“ е намалено за 5,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Уште позагрижувачки е што бројот на работниците во секторот е намален за 7,8 отсто. Од иницијативата „И здравје и работа“ велат дека овие податоци не треба само да се констатираат, туку треба да бидат сериозен повик за отворање на прашањето како Македонија ќе го врати рударството на патеката на растот и развојот. „Не треба немо да гледаме како се намалува производството, како исчезнуваат работните места и како една индустрија со децении останува без нови големи инвестиции. Рударството може и мора повторно да биде силен мотор на македонската економија, но за тоа се потребни инвестиции, нови технологии, современи стандарди и предвидливи услови за развој“, порачуваат од „И здравје и работа“. Според нив, проектот за рудник за бакар Иловица–Штука е конкретен пример за инвестиција која може да го промени размерот на македонското рударство, особено ако се реализира со современи технологии, високи еколошки стандарди и силен институционален надзор. Проектот се поврзува со инвестиција од околу 350 милиони евра, производство на бакар и отворање на стотици директни и илјадници индиректни работни места. Но, истиот можност за значително зголемување на извозниот потенцијал на земјата. „Ова не е прашање само на еден проект. Прашањето е дали Македонија сака повторно да има растечка рударска индустрија. Ако одговорот е да, тогаш мора да создадеме услови за инвестиции во нови рудници, истражување, модернизација и технологии“, порачуваат од „И здравје и работа“. Од иницијативата додаваат дека новото рударство не може да биде рударството од минатото. Тоа треба да биде побезбедно, дигитализирано, технолошки напредно и одговорно кон животната средина, со јасни правила за заштита на водата, почвата, биодиверзитетот и локалните заедници. „Не треба да бираме меѓу економскиот развој и животната средина. Треба да бараме инвестиции што ќе ги исполнат највисоките стандарди и ќе покажат дека и здравје и работа можат да одат заедно,“ велат од И здравје и работа. Од „И здравје и работа“ апелираат падот на производството и вработеноста во рударството да не биде само уште една статистика во месечните извештаи. „Ова треба да биде сигнал за акција. Ако сакаме рударството повторно да биде силен мотор на економскиот раст и развој, денес е време да создадеме услови за инвестиции – а не утре да се прашуваме зошто индустријата продолжила да се намалува,“ велат од Иницијативата.Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаОпштина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн МостДенес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола. На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот. 6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаНиколоски: Градежништвото силен двигател на македонската економијаЗавршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: - автопати - експресни патишта - железница - над 1200 проекти во општините - аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter