3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ХороскопДневен хороскоп за 4. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 4. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замарајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФПретседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook