ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд - Канал 5

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук.

Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

Денес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола.

На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот.

6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во:

- автопати

- експресни патишта

- железница

- над 1200 проекти во општините

- аеродроми

ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. 

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.

Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.

Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

Вистината е сосема спротивна.

Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.

Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.

Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер