НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
3Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваМегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Мегин Кели ги коментираше фотографиите на кои холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од „Шанел“.Американската водителка Мегин Кели упати критики кон актерката Никол Кидман поради фотографии објавени во австралиското издание на списанието „Вог“. Таа тврди дека фотографиите биле значително ретуширани за актерката да изгледа помлада, а исто така изрази забелешки и за начинот на кој е облечена. Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Кели ги коментираше фотографиите на кои Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од брендот „Шанел“. - Имаше тврдења дека користеле вештачка интелигенција за таа да изгледа помладо. И тоа, додека е облечена како тинејџерка. Таа жена има 60 години. „Не мораш да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“, рече Кели. Таа додаде дека таков начин на облекување е несоодветен, наведувајќи дека актерката поминува премногу време на Инстаграм и дека фотографиите очигледно се обилно ретуширани. - Лицето ѝ изгледа отечено. А сепак, како со некое чудо, на оваа насловна страница нема ни трага од годините – рече Кели. На фотографиите за „Вог“, актерката позира во неколку комбинации од модната куќа „Шанел“, вклучувајќи црни кратки топови, украсени фармерки со низок струк и качкет. Фотографиите за ноемвриското издание на списанието се дело на фотографот Лаклан Бејли.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА? Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура. „Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата. Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат. Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено. „Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите. „Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“ Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат. „Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро. Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook