МакедонијаМуцунски за „Канал 5“: Хасани објасни дека станува збор за техничка грешкаНационалноста Македонци стои во графата за националност во пописот во Албанија. Албанската агенција за статистика по еден ден од објавата на резултатите изврши корекција и наместо Северномакедонци сега стои Македонци. Промената доаѓа по реакција на МНР и средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега на форумот во Дубровник. -Заедно со претседателот на Владата Мицкоски ја следевме ситуацијата. Имавме во неколку наврата комуникација и со службите во министерството за надворешни работи. Утврдивме некои прашања за кои што како држава имаме сериозна грижа, тие беа денес и јавно воочени во објава која што ја имаше од страна на МНР. Тука е и колегата Хасани, албанскиот министер за надрворешни работи. Стапив во контакт со него. Тој потоа стапи во контакт веројатно со соодветните служби во соседна Албанија. Информираше дека по однос на тоа прашање се работело за техничка грешка. Исрено ќе кажам дека сум му благодарен за брзата интервенција, изјави за Канал 5 министерот за надверешни работи Тимчо Муцунски. Прелиминарни податоци од пописот во Албанија за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, соопштија од Министерството за надворешни работи, откако и македонски друштва во Албанија реагираа за, како што велат, направен груб пописен фалсификат по објавената бројка од пописот за над 7. 000 Бугари во Албанија. За натамошните чекори, МНР ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје. -Ќе зборуваме прво со нашиот амбасадор, секако, околу неговиот ангажман таму по однос на овие прашања. Околу тоа која е нашата стратегија во однос на сите овие прашања кои што јавноста секако будно ги следи и ние во одредени детали многу повеќе ги следиме и ќе ја договараме нашата заедничка стратегија. Но ќе повторам, стратегија која има за цел да ги заштити правата на Македонците кои што живеат на територија на Р. Албанија, но исто така и да работиме, да имаме добри биулатерални односи со Албанија како наш значаен сосед, вели Муцунски. Најстарото здружение на Македонците во Албанија, „Друштво Преспа“, резултатите ги смета за груб пописен фалсификат и бараат од Европската Унија да преземе мерки против Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа под услов да потпишат писмена изјава дека се ‘Бугари по потекло‘. За ова уште вчера за Канал 5 сведочеше Васил Стеријовски, претседатот на Mакедонска алијанса за европска интеграција.. -Овој процес е одамна започнат, во кој се вклучени пред се албански функционери. Во бизнисот со бугарски пасоши, лица кои посредуваа се лица од партијата на власт. После тоа, издаваат незаконски потврди од општините за бугарско потекло, бидејки сега последно, такво бара Бугарија. Бидејќи немаат такви ингеренции албансите институции, тоа е коруптивен начин кој што еве си тера непрекинато, иако се докажа дека со 100 евра можеш да си купиш лажна потврда. Сепак тој процес продолжува, Албанија го дозволува, вели Васил Стеријовски- претседател на МАЕИ Ова е првпат на попис во Албанија да се попишат лица од буграска националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин, реагираа македонските здруженија и партии во албанија. Албанија во октомври 2017 година официјално призна постоење бугарско национално малцинство во земјата, по заканите од Софија за вето на во ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаѓар за претседателка на Унгарија ќе предложи славна шахисткаУнгарскиот премиер Петер Маѓар вчера објави дека планира да ја номинира поранешната шахистка Јудит Полгар за претседател на земјата, откако местото остана слободно по разрешувањето на Тамаш Суљок.Маѓар на Фејсбук објави дека планира денес да се сретне со 49-годишната жена и дека се надева дека таа ќе му направи „голема чест“ и ќе ја прифати номинацијата за претседател. Претседателското место остана слободно откако парламентот ја отстрани Суљок, политички сојузник на премиерот Виктор Орбан, кој ги загуби изборите во април. Унгарскиот претседател го избира парламентот, каде што партијата Тиса на Унгарија има двотретинско мнозинство. „Синоним за талент и упорност“ „Со децении, името Јудит Полгар е синоним за талент и упорност“, рече Маѓар. Тој додаде дека 26 години по ред била на врвот на светската ранг-листа на жени, а во исто време била меѓу првите 10 шахистки во светот. Полгар е повеќекратна освојувачка на златни медали на Шаховските олимписки игри. Таа се пензионираше од натпреварувачкиот шах пред повеќе од една деценија, но останува активна во промовирањето на играта. Преку својата фондација, тој исто така го поддржува образованието и еднаквите можности. Таа претходно не извршувала никаква политичка функција.Тагови: Маѓар Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата донесе Одлука за намалување на акцизите на бензинот и дизелотВладата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. Во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари. Владата континуирано ја следи состојбата, врши дневни анализи на движењата и останува целосно посветена на преземање навремени и активни мерки со кои ќе се ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството. Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел од ценовниот раст. Без оваа владина интервенција, согласно пресметките на Владата, малопродажната цена на бензините би се зголемила за околу 4 денари по литар, додека со мерката се очекува зголемување од околу 3 денари по литар. Кај дизел-горивото, без донесената Одлука на Владата цената би се зголемила за околу 8 денари по литар, додека со намалената акциза се очекува покачување од околу 6 денари по литар. Владата очекува Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со своите законски надлежности, да ја донесе одлуката за новите малопродажни цени на горивата, при што ефектите од владината мерка ќе придонесат граѓаните и понатаму да плаќаат пониски цени отколку што би биле без оваа интервенција. Приоритет на Владата останува заштитата на стандардот на граѓаните, зачувувањето на економската стабилност и навременото реагирање во услови на нестабилности на меѓународните пазари. И во наредниот период внимателно ќе се следат сите движења на цените и, доколку околностите тоа го наложат, ќе бидат разгледани и дополнителни мерки во интерес на граѓаните и стопанството, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 3 денари, дизелот за 6 денари Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 9,003%, кај дизелот за 14,963%, кај екстра лесното масло за 13,200% и кај мазутот зголемувањето е за 10,686%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1001%. Во Одлуката на РКЕ е применета Одлуката на Владата за намалени износи на акцизите за 1,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намален износ на акцизата за 2,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,373 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 7,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,205 ден/кг и сега ќе изнесува 45,373 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter