МакедонијаУапсени се четворица италијански и еден македонски ловџија- одземено им е оружје и нелегално уловен дивеч Лишени од слобода четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес. При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација. Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје. При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети. Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаДали „Пулс“ имал документација- продолжи судењето за трагедијата во Кочани Дали објектот имал соодветен урбанистички статус и каква документација поседувал? Уште едно рочиште за „Пулс“ помина со серија прашања на одбраната на обвинетите кон тимот вештаци кои го изработија градежното вештачење на дискотеката. Во судскиот процес за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одбраната на денешното рочиште отвори прашања кои се однесуваат на урбанистичкиот статус и легалноста на самиот објект. Пред вештаците беа поставени прашања за документацијата и дозволите, со кои адвокатите ја насочија својата правна стратегија. По завршувањето на рочиштето, во изјави за медиумите, родителите на загинатите изразија остри реакции. Тие ги обвинија адвокатите дека преку ваквите прашања намерно ја одолговлекуваат судската постапка и ја кочат правдата за загубените животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и топло време со температура до 33 степени Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 18 Крива Паланка. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 19 Попова Шапка, 24 Крушево, 27 Берово, 28 Маврови Анови, 29 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Виница, 31 Битола, 32 Тетово, Охрид, Штип, Струмица, 33 Демир Капија, Кавадарци, 34 Скопје – Петровец, 35 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во источните делови од државата и тоа најпрво во североисточните, па потоа и во југоисточните, имаше појава на нестабилност со појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Локално процесите беа во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер, појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Во североисточните делови дуваше северозападен ветер кој повремено надминуваше брзина од 60 km/h. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава.На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook