Криминална група криумчарела мигранти во САД и Канада-плаќале од 20.000 до 25.000 долари - Канал 5

Криминална група криумчарела мигранти во САД и Канада-плаќале од 20.000 до 25.000 долари

Криминална група од деветима организирала криумчарење на мигранти во САД и Канада.За услугата наплаќале десетици илјади долари.. Седумина се упсени, двајца се во бегство.

Криминална група криумчарела мигранти во САД и Канада-плаќале од 20.000 до 25.000 долари

Деветчлена криминална група, две години криумчарела мигранти од Македонија и Албанија, чија крајна цела биле САД и Канада. Од МВР велат дека групата била дел од поголема меѓународна криминална мрежа, составена од соработници од регионот, но и од Шпанија, Гватемала и Мексико. Криумчарењето, како што велат од МВР, било организирано за лица кои не можеле да добијат виза по регуларен пат, а за таа цел на групата плаќале суми од 20 до 25 илјади американски долари.

Мигрантите биле криумчарени со лажни документи за идентификација, најпрво до држави во Европа и централна Америка, а потоа со дополнителни фалсификувани документи, им се обезбедувал влез во крајната дестинација. На овој начин, како што соопштуваат од МВР, биле прокриумчарени околу 50-тина лица, а криминалната група заработила околу 1 милион долари.

Од ОЈО велат дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против деветмината, на кои на товар им се става кривичното дело – организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти. На седуммина од осомничените, како што соопштуваат од ОЈО, им е одредена мерка притвор, а на двајца мерка за претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти.

Средба Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји.Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција, во пресрет на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана ирска поддршка на политиката на проширување и на европските аспирации на државата.

Притоа, ја нагласи цврстата определба на Владата за продолжување на реформскиот процес и напредокот на европскиот пат, истакнувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и најсилен двигател на демократскиот, економскиот и општествениот развој.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, при што се согласија дека во услови на зголемени геополитички и безбедносни предизвици, на Европа повеќе од кога било ѝ се потребни единство, солидарност и блиска соработка.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот парламент.

Притоа, тој изрази благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на европскиот пат на државата.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите.

Тој потенцираше дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата.

Во видеото погледнете кратко парче од интервјуто кое во целост ќе го емитуваме во Вестите во 18 часот... Со Вајц разговараше Јован Ѓорговски

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија

Со 411 гласа „ЗА“ 120 против и 120 воздржани, Европскиот парламент го изгласа извештајот за напредокот на Македонија.

ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија

Во финалниот текст сепак, како што информираат за Канал 5 од кабинетот на известувачот за земјава Томас Вајц не помина обидот за целосно бришење на ставот 73 од текстот на резолуцијата, односно во финалната верзија останува Вториот протокол од Договорот со Бугарија, барањето историската комисија да постигне „јасни и опипливи резултати“, но и терминот заедничка историја. Гласањето помина без дебата која пак се одржа во текот на вчерашниот ден. Во таа прилика известувачот за земјава Томас Вајц ја повика Европската Унија да ги испорача ветувањата кон Македонија на истиот начин како што Македонија ги направила сите потребни реформи, но и барања за членство.

Со оценката на Вајц за Македонија, но и за целиот регион на Западен Балкан, се согласи и Еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Во едночасовната дебата доминираше темата која бугарските европратеници ја покренаа за палењето на автомобилите пред амбасадата во Скопје, но и нивните критики за евроинтегративниот пат на земјава. Дел од нив не ги штедеа ниту обвинувањата за земјава и државно-политичкиот врв

Извештајот на кој беа поднесени над 400 амндмани од кои само стотина беа од бугаските еврорпатеници, претходно помина на комисијата за надворешни работи во Европскиот Парламент.

Во него, како најчувствителни остануваат деловите за спроведување на договорот со Бугарија, работата на историската комисија, како и потврдата дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер. Доплнително, за прв пат е вметнат и зборот „фалсисикување“ кој се однесува на бугарски натписи во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер