Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар Аеродром - Канал 5

Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар Аеродром

Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.

Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места во Мичурин и стар Аеродром

Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.

Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.

Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места.

Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот - возачи, велосипедисти и пешаци.

Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај.

Општина Аеродром продолжува со подготовка на конкретни решенија кои ќе придонесат за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Специјализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор

Поранешниот косовски претседател и еден од екс командантите на ОВК, Хашим Тачи, е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на единствена казна од 25 години затвор. 

Специјализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор

Специјализираниот Суд во Хаг донесе идентична казна од 25 години за Јакуп Красниќи, додека Кадри Весели е осуден на 18, а Реџеп Селими на 13 години затвор, сите поранешни лидери на ОВК. Со ова, Судот во Хаг ја изрече првостепената пресуда во најголемиот судски процеси поврзани со војната во Косово.

Судот ги прогласи за виновни за воени злосторства, но ги ослободи од шесте точки од обвинението за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не докажало постоење на широко распространет или систематски напад врз цивилното население.

Тачи беше прогласен за виновен за четири точки за воени злосторства, односно незаконско и произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и убиство.

„Господине Тачи, ве молам станете. Во име на народот на Косово, по разгледувањето на сите докази и врз основа на членовите 43 и 44 од Законот, Судскиот совет ве прогласува за виновен по точка 3 за противправно лишување од слобода на најмалку 385 лица, по точка 5 за сурово постапување како воено злосторство врз најмалку 49 лица, по точка 7 за мачење како воено злосторство врз најмалку 303 лица и за убиство како воено злосторство на 96 лица“, изјави– Судијата Чарлс Смит.

Според пресудите одговорноста на четворицата осудени е индивидуална, но тие дејствувале заедно за да постигнат заедничка криминална цел.

Судскиот совет утврди и дека злосторствата биле сериозни и географски распространети низ цело Косово и северна Албанија а меѓу жртвите имало Албанци, Срби и Роми.

При одредувањето на казните, Судот како отежнителна околност ја ценел злоупотребата на положбата и авторитетот на обвинетите.

Кај Весели, кој е осуден на 18 години затвор, пак како олеснителни околности биле земени предвид неговото примерно однесување во текот на постапката и доброволното предавање.

За Селими, кој доби 13 години затвор, Судот ги зел предвид неговата соработка со Специјализираното обвинителство и доброволното предавање.

Кај Јакуп Красниќи, кој е осуден на 25 години затвор, Судот како олеснителни околности ги ценел неговата поодмината возраст и примерното однесување во текот на постапката.

Додека судијата ги соопштуваше затворските казни, пред зградата на Судот во Хаг владееше хаос и тензична атмосфера. Приврзаници на ОВК кои од вчера пристигнуваа од повеќе европски земји, пред Судот почнаа да се спротиставуваат со полицијата и каде неколку од демонстрантите беа лишени од слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Охрид 25 години потоа – етнички разединета опозиција и косовското прашање (IV дел)

Дали беше возможен обединет и надетнички настан на опозициските сили во Македонија по локалните избори од 1996 година? 

Охрид 25 години потоа – етнички разединета опозиција и косовското прашање (IV дел)

Мандатот на вториот состав на Собранието беше времето на огромно осиромашување предизвикано од приватизацијата, мерките за штедење под строгите аранжмани на ММФ, како и на срамните скандали при оваа фаза на најдив капитализам во услови на слаби институции и отсуство на сериозна регулаторна рамка. Пропаѓањето на пирамидалната штедилница „ТАТ“ посебно ќе ја затресе власта заради бројните злоупотреби кои ќе добијат и судска завршница под притисок на јавноста, а ќе останат запаметени по наводната епизода со „министерот во тренерки“ и говорот на премиерот Бранко Црвенковски дека нема да бидат поштедени „ни еС-Де-еС, ни свети еС-Де-еС“. Приватизацијата во Македонија имаше и премногу изразена политичка црта затоа што „победниците на транзицијата“ ги избра премногу видливата рака на владејачката коалиција наместо „невидливата рака на пазарот“. Токму таму се наоѓаше „ахиловата петица“ на „Сојузот за Македонија“ и на ПДП. Имено, граѓаните ја поддржуваа политиката на претседателот Глигоров и на владата Македонија никако да не биде вовлечена во југословенските воени виори, зацртаниот пат кон Европската Унија и НАТО, како и отпорот кон неразумните барања на Грција за промена на името (економската состојба дополнително ја влошија урушувањето на единствениот југословенски пазар, меѓународните санкции кон Сојузна Република Југославија и посебно едностраното грчко трговско ембарго). Нималку не помагаа ни претерувањата на таканаречените „новопечени богаташи“ и на „златната младина“ кои што нападно беа поврзани со владејачките партии (овие претерувања се далеку поголеми во актуелното класно раслоено македонско општество, но тогаш степенот на толеранција на јавноста беше далеку понизок). Социјалното раслојување и бавното економско закрепнување го топеше легитимитетот на власта и ја пишуваше програмата на опозицијата. Притоа, должно е да се напомене дека приватизацијата главно ги погоди Македонците затоа што Албанците не беа вработени во поголем број во државните фирми од многу погрешни причини за кои што веќе зборував во претходните делови на овој серијал. Но, општото осиромашување секако дека ги погоди сите граѓани на Македонија и предизвика нов масовен бран на иселување кое што не поштеди ниту еден слој од општеството.

Охрабрена од резултатите на локалните избори од 1996 година, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Демократската партија ќе побара предвремени собраниски избори по пат на собирање потписи повикувајќи ја јасната одредба во Уставот која што овозможуваше граѓаните да го дадат конечниот збор за секоја одлука на Собранието на референдум доколку таквата иницијатива биде поддржана со 150 илјади потписи. За жал, опозицијата не смогна сили да излезе обединета при овој обид. Студентските демонстрации против законот за Педагошка академија и целата сага околу употребата на албанското етничко знаме пред општините оневозможија меѓуетничка соработка и учество и на Демократската партија на Албанците во опозицискиот притисок за нови избори. Овие два настани непотребно ја турнаа опозицијата кон двата спротивставени пола на националистичкиот екстрем и со тоа ѝ овозможија на власта повторно да се претстави како умерена, разумна и граѓанска опција, а да ги обои своите противници како ликови со чудовишни намери кои што едвај чекаат да ја турнат земјата во амбис. Собранието ќе ја одбие иницијативата и со тоа ќе создаде преседан дека не е можен отповик на парламентарците со референдум. Одговорот на опозицијата ќе дојде преку серија јавни манифестации кои што ќе кулминираат со дотогаш најбројниот политички митинг на плоштадот во Скопје, одржан во јуни 1997 година, а наречен „СТОП за економското, социјалното и државното пропаѓање на Македонија“, организиран од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија и други помали политички сили, независни синдикати и невладини организации. Ќе стане јасно дека Македонија ќе оди на редовни избори во следната 1998 година.

Во овој период повторно ќе се надвијат воените облаци над Балканот. Америка повторно се врати на полуостровот во пресрет на американските претседателски избори во 1996 година. На претседателот Клинтон му беше потребно да прикаже јасен и недвосмислен успех на американската надворешна политика што се постигна со затворање на активните воени жаришта во пост-југословенскиот простор и обид за премостување на нерешените проблеми. По интервенциите на американската војска во Босна и Херцеговина (воздушната кампања против Војската на Република Српска), поддршката на хрватските операции „Блесок“ и „Олуја“, дојде до таканаречената „булдожер дипломатија“ предводена од Ричард Холбрук. Договорите од Дејтон и од Ердут, како и Времената спогодба ќе ја врамат оваа нова фаза на американска доминација со Балканскиот полуостров. Првично, оваа американска интервенција ќе ги релаксира состојбите во регионот, но ќе се покаже дека станува збор за краткотрајно примирје. Во 1996 година ќе се случат големите студентски протести заради фалсификувањето на локалните избори во најголемите српски градови, а веќе следната 1997 година ќе дојде до раскол помеѓу Србија и Црна Гора, но и внатрешен црногорски раскол кој ќе го востоличи Мило Ѓукановиќ за неприкосновен лидер на тогашната република и предводник на движењето на нејзино отцепување од СР Југославија. Во 1997 година ќе се случи и колапс на албанската држава по насилните протести заради пропаѓањето на пирамидалните штедилници што ќе доведе до меѓународна интервенција, под покровителство на Советот за безбедност на Обединетите нации, и пад на претседателот Сали Бериша и владата предводена од неговата Демократска партија. При нередите ќе дојде и до ограбување на воените складишта, па украденото оружје ќе најде свој пат до сите подоцнежни воени судири во регионот.

Сепак, најголемиот предизвик за мирот во регионот ќе дојде на Косово. По укинувањето на косовската автономија таму косовските Албанци ќе создадат пара-држава, предводена од Ибрахим Ругова и од неговиот Демократски сојуз на Косово. Оваа политичка творба ќе биде толерирана од српските власти во покраината. Независноста на Косово ќе биде признаена единствено од Албанија, но Ибрахим Ругова ќе биде приман насекаде по светот како претставник на косовските Албанци. Неговата стратегија за постигнување независност на Косово оди преку концептот на пасивниот отпор и игнорирање на институциите на српската држава. Тој ќе создаде и пара-институции од кои што најуспешни ќе бидат паралелните училишта и пара-универзитетот од Приштина, финансирани од владата на Косово во егзил, предводена од докторот Бујар Букоши. Набрзо ќе се постигне некаков чуден еквилибриум на Косово, но нерешавањето на наталожените проблеми природно ќе доведе до проблеми. На Косово и посебно во активната косовска дијаспора во Европа сѐ погласни ќе стануваат гласовите за напуштање на стратегијата на ненасилен отпор и кревање вооружено востание. Најгласните протагонисти на „воената опција“ се круговите околу Народното движење за Косово и порадикалното Народно движење за ослободување на Косово. Овие две струи се, всушност, поранешните „енверисти“, поточно „марксисти – ленинисти – енверисти“ чии што редови се зголемуваат по демонстрациите од 1981 година и жестокиот одговор на југословенските власти. Редно е да се каже дека енверистите отсекогаш биле радикално малцинство во политиката на Косово, во Македонија и во другите пост-југословенски творби. Посебно по демократизацијата приматот го земаат Демократскиот сојуз на Косово, Партијата за демократски просперитет во Македонија, па и ним спротивставените партии на Албанците. „Енверистите“ се турнати на маргините иако по крајот на Студената војна идеолошки се преориентираат од „марксисти – ленинисти“ во „демократи“. Нивната цел е обединување на сите албански земји, вклучително и со војна (овие групи делуваат и помеѓу Албанците во Македонија и иселениците во дијаспората). Од редовите на НДК и НДОК израснува Ослободителната армија на Косово, како и сите подоцнежни паравојски кои што произлегоа од нејзините редови, вклучително и Националната ослободителна армија во Македонија. Интересно е дека и „Република Косово“ на Ибрахим Ругова ќе создаде своја паравојска, наречена „Вооружени сили на Република Косово“ („Forcat e Armatosura të Republikës së Kosovës“), кои што ќе бидат јасно одделени, па дури и спротивставени на ОВК сѐ до нивното обединување, најверојатно под притисок на поддржувачите од западниот свет и за време на подготовките за војната против СР Југославија. Токму енверистичките групи, подоцна обединети под чадорот на ОВК, ќе водат судири со низок интензитет против југословенската војска и српската полиција, сѐ додека состојбата не прерасне во отворено востание во текот на 1998 година. Институционалниот одговор на Република Србија и на СР Југославија ќе бнде вообичаено брутален што ќе доведе повторно до американско замешателство кое што првично ќе го предводи тогашниот американски амбасадор во Скопје, Кристофер Хил, за потоа да биде повторно превземано од „булдожерот“ Ричард Холбрук.

Во тој контекст мора да се спомене и една од најнеславните епизоди на претседателствувањето на Киро Глигоров. Во јавноста протекоа информации дека на Советот за безбедност се разработувале сценарија во случај на ескалација на состојбите на Косово (состанокот се одржувал во 1997 година). Еден од предлозите на претседателот Глигоров бил во случај на бегалска криза да се воспостави некаков „коридор“ за превоз на бегалците од граничните премини помеѓу Македонија и СР Југославија, во делот на Косово, до Албанија каде што тие ќе им се предаваат на албанските власти. Чудно е што воопшто се разгледувала ваква опција затоа што Македонија уште тогаш беше потписник на сите меѓународни конвенции за правата на бегалците, но, за жал, етничкиот национализам на Балканот го поматува умот. „Идејата“ на Глигоров произлегувала од стравувањата дека Србија ќе изврши етничко чистење на Албанците од Косово, па дека нивното доаѓање во Македонија ќе се претвори од привремен престој во трајно доселување, со што ќе се измени засекогаш етничкиот состав на земјата. Присутните на таа средба на државниот врв очигледно не се сетиле дека Македонија уште тогаш беше потписник на сите меѓународни документи за правата на бегалците, а и не им текнало ни на тоа кои асоцијации ги буди во светското јавно мислење принудниот превоз на луѓе во организација на државата само затоа што припаѓаат на „погрешна“ етничка, религиозна или јазична група (или можеби токму од тие причини некој од присутните решил да ја протече информацијата во јавноста). За среќа, целата епизода не прерасна во скандал иако имаше потенцијал сериозно да ги загрози и онака кревките меѓуетнички односи. Сепак, информациите за „Планот Коридор на Глигоров“ допреа до глобалната јавност, па меѓународната заедница се вклучи во планирањето за справувањето со можна бегалска криза на Балканот во случај на ескалација на војната на Косово.

Што ќе донесат изборите од 1998 година?

Ивица Боцевски

Извор: Нова Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Матуес има свој фаворит за Златната топка, не е Јамал или Мбапе

Расправата за тоа кој ќе ја освои „Златната топка“ станува сè поинтензивна, а своето мислење сега го изнесе и легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус. 

Матуес има свој фаворит за Златната топка, не е Јамал или Мбапе

Иако ги вбројува Ламин Јамал и Килијан Мбапе меѓу најдобрите фудбалери денес, Матеус не смета дека некој од нив е главен фаворит за престижната награда.

За него, прв кандидат е Хари Кејн. Матеус смета дека англискиот напаѓач има зад себе сезона што го става пред конкуренцијата, првенствено поради неговиот фантастичен учинок и освоените трофеи.

Кејн ја освои „Златната копачка“, беше ефикасен на Светското првенство и постигна важни голови во Лигата на шампионите. Покрај тоа, тој освои трофеи со Баерн Минхен, а германскиот гигант стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, додека Кејн оствари голем успех со Англија на Светското првенство.

Во исто време, Матеус упати пофални зборови за Јамал, опишувајќи го како „исклучителен фудбалер“. Сепак, тој смета дека претходната сезона не била година на младиот Шпанец.

Според него, Јамал бил „еден од многуте“ за време на успешниот настап на Шпанија на Светското првенство, додека оставил многу поголем впечаток на почетокот на новата сезона.

Кога станува збор за Мбапе, Матеус укажува на уште еден важен детал. Германската легенда смета дека трофеите имаат огромна тежина при гласањето за „Златната топка“, а токму тука Французинот нема предност.

Мбапе не освои големи трофеи ниту со Реал Мадрид, ниту со француската репрезентација во периодот што се зема предвид за оваа награда.

Токму затоа Матеус смета дека Хари Кејн во моментов го има најсилниот аргумент за освојување на титулата најдобар фудбалер во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер