Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака - Канал 5

Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака

„Tesla Roadster“ добива нов датум за претставување: Дали премиерата е закажана за 1 октомври?

Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака

Речиси девет години по првичното претставување, за втората генерација на „Tesla Roadster“ повторно е одреден датум што би можел да биде значаен.

Компанијата објави порака „Go for launch“ на платформата „X“, додека на веб-страницата на моделот се појави тајмер кој одбројува до 1 октомври.

Објавата беше придружена со мистериозна графика на која се гледаат четири светлосни снопови што потсетуваат на ракетни мотори.

На сликата, исто така, бледо е прикажана пораката „WHERE WE’RE GOING“ – што претставува очигледна алузија на филмот „Back to the Future“.

Во моментов не е познато што точно планира да претстави „Tesla“.

Тоа би можело да биде функционален демонстрациски примерок, подобрен прототип или верзија што е поблиску до сериско производство.

„Roadster“ доцни речиси шест години во однос на планираното

„Tesla“ првпат го претстави „Roadster“ од новата генерација во ноември 2017 година, најавувајќи дека испораките ќе започнат во 2020 година. Сепак, автомобилот сè уште не стигнал до купувачите.

Првичните спецификации ветуваа забрзување од 0 до 96 км/ч за само 1,9 секунди, максимална брзина поголема од 402 км/ч и досег до 998 километри.

Илон Маск претходно, на почетокот на годината, најавуваше скорешно претставување, но и тој рок помина.

Како можен временски период се спомнуваше и август.

Сега фокусот е насочен кон 1 октомври, иако тоа сè уште не го потврдува почетокот на испораките.

По бројните одложувања, вистинскиот тест за „Tesla“ ќе биде моментот кога „Roadster“ конечно ќе стане автомобил што купувачите навистина ќе можат да го преземат.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Во вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компири

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. мали компири

3 лажици маслиново масло

30 гр. путер

3 парчиња пилешки стек

4 лажици кечап

4 лажици мајонез

1 лажиче сол

половина лажиче бибер

малку рузмарин, лук во прав и магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер