Седлоски: Ќе ротираме, шанса ќе добијат повеќе фудбалери - Канал 5

Седлоски: Ќе ротираме, шанса ќе добијат повеќе фудбалери

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го објави списокот на повикани фудбалери за четирите натпревари од Лигата на нации против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Седлоски: Ќе ротираме, шанса ќе добијат повеќе фудбалери

На списокот има четворица дебитанти, дефанзивците Анес Мелиџи и Ѓорѓе Џеков, фудбалерот за врска Матеј Гаштаров и напаѓачот на Струга, Христијан Малески.

По пауза од четири години, во националниот тим се враќа и Марио Младеновски, кој со добрите настапи во дресот на Вараждин го заслужи повторниот повик.

Македонија циклусот го отвора на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашниот натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври.

Седлоски се одлучи за список од 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум. Поради повреда натпреварите ќе ги пропушти дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Седлоски во овој репрезентативен прозорец ќе има исклучително густ распоред, со четири натпревари во само 11 дена. Токму затоа, поширокиот список треба да му овозможи поголем простор за ротација и избор на различни решенија во текот на циклусот.

Македонија во новото издание на Лигата на нации настапува во групата Б1, заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Македонија циклусот го отвора на 26 септември на домашен терен против Швајцарија, а потоа следуваат гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот натпревар со Шкотска на 3 октомври и гостувањето кај Швајцарија на 6 октомври.

„Можеме да очекуваме борба, залагање и максимум на секој натпревар. Никогаш како играч немав четири натпревари во десет дена. Затоа повикав 25 фудбалери и три голмани. Ќе мора да ротираме и шанса ќе добијат повеќе играчи. Сакав да спојам младост и искуство. За никого не е затворена вратата од репрезентацијата, но ова е мојот избор за овие четири натпревари“, изјави Седлоски.

Селекторот очекува тимот во краткиот период на подготовки да ја изгради потребната компактност и хемија.

„Мора да бидеме компактни. Овие пет дена ќе ги искористиме да покажеме дека имаме тимска хемија. Никогаш претходно не биле повикани шест фудбалери од Првата македонска лига. Омерагиќ и Малески минатата сезона постигнаа триесетина голови, а и оваа сезона редовно погодуваат и го заслужија повикот. Тука се Растодер и Миовски и мислам дека сме добро екипирани во нападот. Четири натпревари сме без постигнат гол, но верувам дека и нападот ќе проработи. Средниот ред мислам дека ни е адут“, додаде селекторот.

Седлоски најави промени и во дефанзивната линија, со Илиевски како една од опциите по десната страна, а во конкуренција е и Стојчевски. Тој остави можност списокот дополнително да биде надополнет.

„Желбата ми е да ги победиме сите четири натпревари, но реалноста е дека и противниците имаат свои квалитети. Во овој момент размислуваме само за првиот натпревар и за Швајцарија. Ги следев нивните натпревари на Мундијалот и мислам дека ќе бидат фаворити во групата. Но, верувам дека можеме да се носиме и со нив, и со Шкотска и Словенија“, вели Седлоски.

Селекторот се осврна и на клупската ситуација на неколку репрезентативци. Посебно го радува фактот што Елиф Елмас пронајде средина во која ќе има можност да игра во континуитет.

„Ме радува што Елмас пронајде клуб каде што ќе настапува во континуитет. Разговарав и со Миовски, кој во еден момент беше со мислите надвор од Глазгов Ренџерс. Но, дојде до пресврт и тренерот му вети минутажа. Јас ќе бидам најсреќен ако нашите фудбалери играат редовно и се во натпреварувачки ритам“, изјави Седлоски.

На прес-конференцијата, една од темите на кои зборуваше Седлоски беше Матеј Гаштаров.

Разговарав со Матеј и ќе добиеше повик и пред да биде во првиот тим на Црвена Звезда. Со душа чекам да го викам, имаме пет дена за тренинзи и ќе работиме и тактички. Го гледам на средината на теренот, но поливалентен е и може да игра на повеќе позиции, изјави Седлоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер