Македонија„Иднина која инспирира“: пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршкаПет проекти од областите на заштита на животната средина, социјалната поддршка, инклузијата и развојот ќе добијат финансиска поддршка од компанијата dm drogerie markt во вкупна вредност од повеќе од 2,9 милиони денари. Проектите се избрани од стручно жири меѓу вкупно 74 пријавени иницијативи, а од 14 септември во изборот се вклучени и граѓаните, кои до 27 септември можат да гласаат за еден од трите проекти што се во избор за дополнителна поддршка од dm. Пријавувањето во рамките на „Иднина која инспирира“ беше отворено од 2 март до 31 јули 2026 година, а оценувањето на проектите се одвиваше од 12 до 21 август. Во стручното жири учествуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm. Меѓу избраните е проектот „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, кој преку организирани подводни акции има цел да придонесе за отстранување на отпадот од Охридското Езеро и подигнување на свеста за неговата заштита. Поддршка ќе добие и „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ на Здружението „Љубезност“, насочен кон поддршка на ранливите категории граѓани преку солидарни акции, јавни и едукативни настани. Македонското здружение на млади правници ќе го реализира проектот „Поддршка блиску до тебе – Заедно до правата“, преку кој мобилни тимови од правници и волонтери ќе обезбедуваат бесплатни правни совети и практична помош за лица и семејства во социјален ризик. Проектот „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“ на Специјална Олимпијада – Македонија ќе овозможи млади со и без интелектуална попреченост заедно да спортуваат и да се дружат преку инклузивни активности во повеќе градови. Петтиот избран проект е „DM HUB – Центар за благосостојба и грижа ‘Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.’“ на Центарот за истражувања и анализи НОВУС. Мобилната иницијатива ќе опфати 10 општини во Југоисточниот плански регион, со активности посветени на менталното и репродуктивното здравје, еколошката одговорност, повторната употреба и волонтерството. - Со ‘Иднина која инспирира’ сакаме поддршката да стигне до идеи што одговараат на конкретни потреби и можат да создадат долгорочна вредност за заедницата. Особено ни е важно што во оваа фаза и граѓаните имаат можност активно да се вклучат и со својот глас да придонесат една од иницијативите да добие дополнителна поддршка. Веруваме дека позитивните промени се најсилни кога во нивното создавање учествуваме заедно – вели Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm. Гласањето, кое започна на 14 септември, трае до 27 септември 2026 година, а граѓаните можат да избираат меѓу три проекти: „Силата е во младите“, насочен кон еколошка едукација и активно вклучување на младите во акции за почиста животна средина; „Природа што нè поврзува“, кој предвидува преобразување на запуштен градски простор во Неготино во зелено и функционално место за одмор, рекреација и дружење; и „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“, иницијатива за претворање неискористени простори во достапни центри за едукација, креативност, волонтерство и заеднички активности. Граѓаните можат да го дадат својот глас на следниот линк. Платформата „Иднина која инспирира“ е создадена со идејата дека позитивните промени се создаваат преку конкретен ангажман и поддршка на иницијативите што одговараат на реалните потреби на заедницата. Покрај проектните пријави, платформата даде видливост и на можностите за волонтерски ангажман, со цел да поттикне повеќе граѓани да придонесат со своето време, знаење и ангажман. На тој начин, „Иднина која инспирира“ ги поврзува организациите и поединците кои сакаат активно да придонесат за подобар квалитет на живот, поздрава животна средина и посилни локални заедници. Со „Иднина која инспирира“, dm продолжува да ги поддржува идеите што создаваат позитивни промени и оставаат трајна вредност во заедницата затоа што иднината што инспирира се создава заедно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook